Температури во позитива, позасилено јужно воздушно струење, и нови врнежи од дожд и снег е најлошата комбинација која се најавува кога е во прашање битолскиот регион. Превентивата и аналитичкиот план веќе се подига на повисок степен.
-
Македонија 21.01.2021 15:36
-
Македонија 21.01.2021 15:30
Црвениот крст со кампања за хумани вредности
Над илјада млади луѓе од вечерва започнуваат он- лајн обуки за хуманите вредности во општеството, под палката на Црвениот крст, кој на овој начин си прави и расадник на волентери.
-
Македонија 21.01.2021 15:06
Дел од матурантите ја бојкотираат наставата
Дел од матурантите од петте средни училишта од Куманово на првиот ден од второто полугодие, ја бојкотираат онлајн наставата. Организирани од Средношколскиот сојуз бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура, но и да го добијат планот за скратените наставни програми.
-
Македонија 21.01.2021 15:02
Второто полугодие почна, консултациите за реформата продолжуваат
По три неделен зимски одмор едни се вратија во училишните клупи, други пред компјутер. Наставата продолжи онаму кај што застана – до трето со физичко присуство, поголемите - онлајн.
Проблемите наметнати во образованието поради Ковид пандемијата остануваат предизвик.
-
Македонија 21.01.2021 14:26
Собранието го донесе Законот за попис
Со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“, Собранието го донесе Законот за попис. Освен владејачкото мнозинство, поддршка и од коалицијата Алијанса на Албанците- Алтернатива.
-
Македонија 21.01.2021 13:13
Со 62 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за попис
Со 62 гласа „за“, Собранието го донесе Законот за попис. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето.
Опозициската партија најави дека нема да ги признае резултатите од пописот што треба да се спроведе од први до 21-ви април.
-
Македонија 21.01.2021 12:34
Во ковид-центрите низ земјава хоспитализирани 610 пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 21.01.2021 12:21
Османи во официјална посета на Црна Гора
Министерот за надворешни работи Османи утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора по покана на министерот за надворешни работи, Ѓорге Радуловиќ.
-
Македонија 21.01.2021 11:39
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 17 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 21.01.2021 10:55
МВР: 358 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 358 прекршоци, соопштуваат од МВР.










