Министерката за образование и наука Мила Царовска денес по повод стартот на второто полугодие го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е прилагодена на практичната настава на учениците.
-
Македонија 21.01.2021 10:36
-
Македонија 21.01.2021 10:24
Обвинение за две лица кои вршеа насилство во скопски автобус
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 21.01.2021 10:04
МЗ: Состојбата со вирусот е стабилна, да останеме одговорни
Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, бележиме стабилизација на епидемијата во земјата.
-
Македонија 21.01.2021 09:45
Заврши зимскиот распуст, учениците продолжуваат со настава
По три недели зимски распуст, учениците од основните и средните училишта продолжуваат со настава. Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година.
-
Македонија 21.01.2021 09:42
Законот за попис на гласање пред пратениците
Законот за попис сѐ уште не е изгласан, а политичките партии секој со своите толкувања. Опозициската ВМРO- ДПМНЕ чиј амандман за отпечаток од прст не беше прифатен е со сомнеж дека коалициските партнери од власта, СДСМ и ДУИ го договараат пописниот резултат и ги штелуваат процентите.
-
Македонија 20.01.2021 16:50
Размена на идеи за акцискиот план
Акцискиот план со Бугарија не е ништо друго освен размена на идеи кои ја продлабочуваат соработката на двете држави во инфраструктурата, транспортот, образованието, дигитализацијата- појасни премиерот Заев.
-
Македонија 20.01.2021 16:32
72 нови случаи со Ковид-19, починати 13 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4, Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.
-
Македонија 20.01.2021 16:03
Разрешена судијка за злоупотреби
Судскиот совет на денешната седница разреши судија од Основниот кривичен суд. Официјално не се открива за кого станува збор. Постапката е поведена за нестручно работење и за злоупотреба на Акмис системот за електронска распределба на предмети.
-
Македонија 20.01.2021 15:31
Денот на рибарите помина без традиционалното капење во езерото
По многу децении поради здравствената криза денеска немаше масовното одбележување на верскиот празник Свети Јован Крстител кој во Охрид се слави и како Ден на рибарите.
-
Македонија 20.01.2021 15:25
Триесетина забелешки за новиот концепт за основно образование
Триесетина забелешки пристигнале на адреса на Министерството за новиот концепт за основно образование. Најчесто се однесувале на тоа дека се потребни обуки, но и дали наставниците ќе можат да се справат со новиот начин на учење.









