Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Утре во претпладневните часови сѐ уште ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.
-
Македонија 10.01.2018 15:12
-
Македонија 10.01.2018 14:37
Предлог постои, треба да се финализираат деталите за решението
Пред новата рунда разговори за разликата за името, македонските дипломати оценуваат дека веќе постои предлог и дека треба само да се финишираат деталите за решението. Според нив, нормално е секогаш да има незадоволни на двете страни.
-
Македонија 10.01.2018 13:05
Премиерот Заев ќе раководи со Советот за спроведување на стратегијата во правосудството
Нов Совет за следење на спроведувањето на судските реформи ќе биде формиран до крајот на јануари, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Сѐ уште не се открива кој и колкумина ќе членуваат во новото владино тело, но со него ќе раководи премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 10.01.2018 12:57
Британски Парламент: Забележителен напредок за евроатлантските интеграции на Македонија
„Македонска пролет, по одреден период на политичка нестабилност“- е оценката на Комисијата за меѓународни односи на Парламентот на Велика Британија.
-
Македонија 10.01.2018 12:09
Бесплатен јавен превоз во Скопје поради аерозагадувањето
Воздухот во Скопје и денеска е загаден. Сѐ уште се на сила се владините мерки против аерозагадувањето, јавниот превоз останува бесплатен. Највисоки концентрации на ПМ-10 честички денес се измерени во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107.
-
Македонија 10.01.2018 11:46
Апелација ќе ги разгледува жалбите за притворот на дел од осомничените за собраниските настани
За во 14 часот во Апелацискиот суд се закажани јавните седници на коишто се одлучува за притворите на осомничените кои според обвинителството учествувале во настаните од 27 април.
-
Македонија 10.01.2018 11:34
Воздухот во Скопје и неколку градови низ Македонија и денеска загаден
Воздухот во Скопје и во неколку градови низ земјава и денеска е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107, Гази Баба 104, Карпош 92.
-
Македонија 10.01.2018 10:52
Протест на „Златна зора“ пред грчкото МНР за време на средбите на Османи
Пратеници од грчката политичка организација „Златна зора“, заедно со група нивни поддржувачи вчера се собраа на протест пред зградата на грчкото МНР, додека траеше средбата на Османи со Коѕијас. Групата ја предводеше претседателот на партијата.
-
Македонија 10.01.2018 10:47
Рашковски разрешен од позицијата владин претставник во „Телеком“
На вчерашната владина седница, Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, е разрешен од бордот на Телеком.
Вчера беа усвоени и измените за Законот за заштита на укажувачите со што се зголемува можноста за пријавување на повеќе дела од организираниот криминал и корупцијата.
-
Македонија 10.01.2018 10:43
ДЗС ќе вработува пилоти
Дирекцијата за заштита и спасување ќе распише оглас за редовна работа на пилоти- решиВ на вчерашната седница.
Дирекцијата и министерствата за одбрана, за внатрешни и за финансии се задолжени да ангажираат пилоти- се дополнува во соопштението на прес-службата.









