Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 29.11.2016 08:49
-
Македонија 29.11.2016 08:46
Продолжува изборната кампања
Политичките партии денеска, на деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово.
-
Македонија 28.11.2016 16:20
Продолжуваат превирањата во ССМ
Новиот ВД претседател Дарко Димовски, тврди дека неговиот избор за лидер на ССМ е легитимен, затоа што бил избран едногласно од присутните членови на Советот. Очекува Централниот регистар да го спроведе решението на Министерството за труд и да го потврди изборот.
-
Македонија 28.11.2016 16:05
Подготвително рочиште за случајот „Тврдина“
Повеќе од два часа во Кривичниот суд траеше подготвителното рочиште за случајот „Тврдина“. Според одбраната и според судијката, доказите на Специјалното јавно обвинителство наведени во обвинителниот акт треба да се офрлат, бидејќи се класифицирани и за нивна употреба потребна е дозвола од УБК.
-
Македонија 28.11.2016 16:01
Коалиција за промени и правда: Поефикасно и побрзо судство
Правните реформи кои досега се спроведоа во насока на независноста на судството се покажаа недоволни и неефикасни за ослободување на судството од партиските влијанија, оценуваат од Коалицијата за промени и правда.
-
Македонија 28.11.2016 15:54
Груевски: Народот прави разлика меѓу лажни ветувања и реални проекти
ВМРО– ДПМНЕ и Коалицијата за промени на централниот митинг во Скопје ја претставија политичката програма, и се обратија носителите на листи во сите изборни единици.
-
Македонија 28.11.2016 15:37
Заев: 140 милиони евра за помош на домашните фирми
Без оглед на разликите меѓу нас, се обединивме во Коалиција за живот која се стреми да победи- беше кажано на митингот на опозициската коалиција предводена од СДСМ на митингот во Велес, кој е во третата изборна единица.
-
Македонија 28.11.2016 15:23
„ВМРО за Македонија“ во Прилеп: На граѓаните им треба трета опција
Имаме искуство и екипа за да ја водиме државата. Потребна е трета опција за демократија. Тоа е колицијата „ВМРО за Македонија“, рече во Прилеп претседателот на ВМРО-народна и носител во четворката, Љубчо Георгиевски.
-
Македонија 28.11.2016 15:19
ДУИ во Охрид ја претстави изборната програма
Лидерот на интегративците Али Ахмети, пред голем број жители, членови и симптаизери рече дека ДУИ ќе остане доследна на своите ветувања за доброто на граѓаните Албанци, каде и да живеат низ Македонија.
-
Македонија 28.11.2016 15:16
ДПА ја презентираше програмата во Чегране
ДПА ја презентираше својата програма и пред жителите во гостиварското село Чегране. Граѓаните да излезат на гласање бидејќи со дадениот глас за Демократската партија на Албанците може да се промени лошата состојба во државата, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.










