Лидерот на ДПА, Мендух Тачи пред членовите и симпатизери во Велешта ја претстави политичката платформа со која ќе настапат на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември. Повикувајќи ги присутните да гласаат за неговата партија, Тачи истакна дека гласот за малите партии е изгубен глас.
-
Македонија 29.11.2016 16:00
-
Македонија 29.11.2016 13:35
Укинати сите забрани за тешки товарни возила поради снегот на патиштата
Во 13:10 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар– Стража– Кичево, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
Претходно, околу пладне, беа укинати забраните за камиони на патот Гостивар– Маврово– Дебар и Ѓавато.
-
Македонија 29.11.2016 13:16
СОНК: Ги одбранивме правата на работниците
Откако министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска- Ременски, испрати допис во кој појасни дека нема промена на работно време во градинките, од СОНК велат дека успеале да ги одбранат правата на работниците.
-
Македонија 29.11.2016 13:11
Укината забраната за камиони на патот Гостивар-Маврово-Дебар
Во 12:30 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар – Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија.
Се уште е во сила забраната за камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево.
-
Македонија 29.11.2016 13:02
Метео: Студено време, ниски утрински температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и студено време со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Во наредниот период се очекува претежно стабилно време со значително ниски утрински температури, додека дневните ќе бележат благ пораст.
-
Македонија 29.11.2016 11:09
Две лица повредени во сообраќајка кај Куманово
Две лица се повредени од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на Куманово, соопшти денеска МВР.
-
Македонија 29.11.2016 10:51
Задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред изборите
Тимови на Државната изборна комисија денеска, утре и во четврток ќе ја одржат последната серија работилници за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред Предвремените парламентарни избори 2016 година закажани за 11-ти декември.
-
Македонија 29.11.2016 10:48
Обезбедени 2,6 милиони садници за утрешниот Ден на дрвото
Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со утрешната, 17-та акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.
-
Македонија 29.11.2016 10:45
Најмногу снег во Маврово, забрана за тешки товарни возила кај Ѓавато, Стража и Маврово- Дебар
Најмногу снег ноќеска падна во маврово. Се формира покривка од 10 сантиметри. Снег има и во Крушево и во Берово, Лазарополе и Крива Паланка. Снег има и во Демир Капија.
-
Македонија 29.11.2016 10:38
ДИК: Право на глас имаат 1.784.416 граѓани
1.784.416 граѓани се запишани во единсвтениот избирачки список за претстојните собраниски избори- соопшти ДИК. Од нив, во дипломатско- конзуларните претставништва ќе гласаат 20.573 гласачи.










