Во Центарот за јавно здравје-Скопје од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип.
Како што информираат од Центарот, вакцинацијата ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 часот во сабота. Цената на една вакцина изнесува 400 денари.









