Проблем кој се повторува речиси секоја година - дел од јавните чешми низ општините имаат бактериолошки неисправна вода за пиење. Граѓаните доаѓаат да се разладат, но внимаваат од која чешма пијат вода.
-
Македонија 04.08.2016 14:46
-
Македонија 04.08.2016 14:27
Локализирани пожарите во Богданци и Гоцева шума
Локализирани се пожарите на територијата на општина Богданци и месноста Гоцева Шума кај Неготино, велат од Центарот за управување со кризи. Пламените јазици зафатиле површина од 12 илјади квадратни метри сува трева, стрништа и смрека.
-
Македонија 04.08.2016 13:26
Метео: Утре сончево и топло, за викендот дожд
Утре во Македонија се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во текот на викендот ќе има појава на нестабилност со локален дожд и грмежи особено во западните подрачја.
-
Македонија 04.08.2016 13:19
Идентификувана удавената жена во Калиманци
На телото на 31- годишната жена од Македонска Каменица, која синоќа се удави кај браната Калиманци, се пронајдени траги од насилство. Во полицијата претходно било пријавено дека таа и сопругот, кои биле заедно во автомобилот „Форд фиеста“, имале брачни недоразбирања.
-
Македонија 04.08.2016 13:18
ДИК: Досега пријавени 1.560 граѓани со спорни записи
Заклучно со денеска, до 12 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
-
Македонија 04.08.2016 12:57
За вчерашната сообраќајка кај Удово осомничени две лица
Основното јавно обвинителство – Гевгелија започна постапка против две лица осомничени за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово.
-
Македонија 04.08.2016 11:50
Локализирани пожарите во Богданци и Гоцева шума кај Неготино
Локализирани се пожарите во општина Богданци и кај месноста викана Гоцева шума кај Неготино, информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
-
Македонија 04.08.2016 10:25
Јавна кампања на ДИК за регулирање на избирачкото право
Државната изборна комисија (ДИК) ги интензивира активностите со кои ги повикува да се пријават во нејзините канцеларии или на веб-страницата граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список. До 19 август граѓаните можат да се пријават до ДИК.
-
Македонија 04.08.2016 10:01
Во голем дел локализиран пожарот во Богданци
Во голем дел е локализиран и ставен под контрола пожарот што вчера попладне избувна во околината на Богданци. На непристапните места тој се уште е активен, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување од Гевгелија.
-
Македонија 04.08.2016 09:44
Брачна двојка загина во езерото Калиманци
Брачна двојка од селото Дулица во Општина Македонска Каменица го загубила животот во водите од езерото Калиманци вчера доцна попладне.










