Oдобрeна е ИПАРД Програмата 2014-2020 година. Македонските земјоделци на располагање ќе имаат нови 60 милиони евра.
Пари ќе се користат од 2016 година, по затворањето на првата ИПАРД Програма.
Oдобрeна е ИПАРД Програмата 2014-2020 година. Македонските земјоделци на располагање ќе имаат нови 60 милиони евра.
Пари ќе се користат од 2016 година, по затворањето на првата ИПАРД Програма.
Ако пред седум години граѓаните имаа најмногу забелешки за ефикасноста, сега имаат само прашања за личните случаи. Седма година по ред се одржа отворениот ден со Катастарот.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со претставници од 60-тина држави, како дел од Антитерористичката коалиција, учествува на тридневниот „Самит на Белата куќа за борба против насилниот екстремизам“ што се одржува на иницијатива на американскиот претседател Барак Обама.
Расте нервозата и вознемиреноста во опозицискиот СДСМ по заканата дека таканаречените „Македонски анонимуси“ ќе објават аудио материјали кои Заев ќе сакал да ги сокрие. Според аналитичарите за појава на анонимуси има три сценарија.
„Мојот став и ставот на ЕУ е дека сите политички партии треба да ја имаат политичката дебата во Парламентот, а не надвор од Парламентот. Тука сум за да помогнам да се најде излез од политичката состојба. Опозицијата да се врати во Парламентот, и таму да се решаваат сите политички прашања“.
Апелациониот суд Скопје ја отфрлил жалбата на Јавното обвинителство за условниот отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Судот жалбата ја отфрлил како неоснована со констатација дека Првостепениот суд постапил правино што дозволил условен отпуст на новинарот.
На средбата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и новоименуваниот американски амбасадор Џес Бејли, се согласиле дека продолжува успешната соработка меѓу двете држави.
Црногорците ќе ја гледаат програмата на МРТВ, а Македонците ќе ги следат најновите ТВ и радио содржини од Црна Гора. Националните сервиси ќе разменуваат програми, документарци, вести, ќе креираат заедничка продукција и учествуво на фестивали.
Силвана Ивановска и Даниел Михајловски како штитеници на СОС Детското село, преку програмата Д-10 на Министерството за труд и социјална политика, веќе две години се вработени во Министерствата за надворешни работи и за финансии.