Во Националната опера и балет во Скопје вечер ќе биде одржано 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“.
Спорт
-
Останати спортови 29.01.2026 08:33
-
Тенис 28.01.2026 11:54
Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд по победи на Австралија опен.
Триесет и осумгодишниот Србин ја постигна својата 103-та победа на Австралија Опен, надминувајќи го рекордот од 102 победи на Швајцарецот Роџер Федерер.
-
Ракомет 28.01.2026 10:06
Завршница на Главната фаза на ЕХФ Еуро 2026
На Европското првенство во ракомет за мажи денес на распоредот се натпреварите од последното коло во Главната фаза. Двојките се:
Словенија – Исланд (15:30 часот)
Шпанија – Португалија (15:30 ч.)
Хрватска – Унгарија (18 ч.)
Германија – Франција (18 ч.)
-
Фудбал 28.01.2026 10:03
Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
Во фудбалската Лига на шампиони вечер со почеток во 21 часот ќе се играат сите 18 натпревари од последното, 8. коло.
Двојките се:
Ливерпул – Карабах
Барселона – Копенхаген
ПСЖ – Њукасл
Борусија – Интер
Наполи – Челзи
Бенфика – Реал
-
Ракомет 27.01.2026 10:21
Данска избори полуфинале со триумфот над Германија
Ракометарите на Данска се пробија на првата позиција во групата 1 од Главната фаза на Европското првенство откако вечерва ја совладаа Германија со 31:26.
-
Кошарка 27.01.2026 09:49
Берокал нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
Управниот одбор на Кошаркарската Федерацијата донесе одлука за именување на Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
-
Тенис 26.01.2026 09:35
Мусети ќе се соочи со Ѓоковиќ во своето прво четвртфинале на Австралија опен
Петтиот светски рекет, Лоренцо Мусети, ноќеска го победи Тејлор Фриц во четвртото коло на Австралија опен. Натпреварот заврши со резултат 6:2, 7:5 и 6:4.
Ова е четвртото учество на Италијанецот во четвртфиналето на Грен слем, а негово прво на Австралија опен.
-
Останати спортови 26.01.2026 08:58
Србија европски првак во ватерполо
Српската ватерполо репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, откако вечерва во Белград, ја победи во финалето Унгарија со 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1).
-
Фудбал 22.01.2026 09:48
Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите
По комплетирањето на седмото коло во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Арсенал и на Баерн Минхен изборија директно учество во осминафиналната фаза.
Баерн синоќа на домашен терен го совлада Ројал Унион и му се придружи на Арсенал.
-
Ракомет 22.01.2026 08:59
Заврши првата фаза на ЕП во ракомет
Со одигрувањето на последните натпревари од Е групата во Малме заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет. Шведска убедливо ја совлада Хрватска со 33:25 и го освои првото место во групата, додека Холандија славеше над Грузија со 31:26.





