Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од пет победи над Филаделфија, триумфирајќи со 119-115 пред своите навивачи, но лошата вест за клубот од Лос Анџелес е повредата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.
Спорт
-
Кошарка 06.02.2026 11:29
-
Останати спортови 06.02.2026 09:31
Над 2.900 спортисти од 90 земји на стартот на ЗОИ 2026
Во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо со церемонии на четири локации – – вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри Милано – Кортина 2026.
-
Фудбал 04.02.2026 09:30
Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
Македонската фудбалска репрезентација на 26-ти март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026.
-
Кошарка 04.02.2026 09:28
Харден во Кливленд, Гарланд се сели во Клиперс
Лос Анџелес Клиперс и Кливленд Кавалирс договорија звучна размена во НБА. Џејмс Харден ја напушта Калифорнија и ќе ја продолжи кариерата во Кливленд, додека во спротивна насока заминува плејмејкерот Дариус Гарланд, заедно со избор од втората рунда на драфтот, објави „ESPN“.
-
Фудбал 03.02.2026 10:35
Инфантино најави можно укинување на санкциите кон рускиот фудбал
Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да размисли за укинување на забраната за руските тимови да настапуваат во меѓународните натпреварувања.
-
Ракомет 01.02.2026 20:17
Трета европска титула за Данска
Данска е нов европски ракометен шампион откако во финалето ја совлада Германија со 34:27. Ова е трета европска титула за Данците, кои со овој успех го повторија подвигот на Франција – истовремено да бидат европски, светски и олимписки прваци.
-
Тенис 01.02.2026 14:18
Алкараз нов шампион на Австралија опен
Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до рекордната 25-та Гренд слем титула, откако во финалето на Австралија опен загуби од Карлос Алкараз со 6:2, 2:6, 3:6, 5:7.
Ова беше прв пораз за српскиот тенисер во финале во Мелбурн, негово 11-то на овој турнир.
-
Фудбал 30.01.2026 08:24
Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа
Со одигрувањето на синоќешните 18 натпревари од осмото коло Лига Европа заврши групната фаза од ова натпреварување.
-
Останати спортови 30.01.2026 08:19
Доделени наградите „Спортист на годината 2025“ – највисоките признанија за Ален Рустемовски и Катерина Попева
Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги понесоа највисоките признанија – најдобар спортист и спортистка за 2025 на традиционалната манифестација „Спортист на годината“ што се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
-
Останати спортови 29.01.2026 20:13
Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“
Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа вечерва во Македонската опера и балет, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“







