Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА.
Во натпреварот против Јута постигна 42 поени, седум скока и шест асистенции.
Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА.
Во натпреварот против Јута постигна 42 поени, седум скока и шест асистенции.
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар „Блок 70“, кој претставува современо уреден простор наменет за спорт, рекреација и унапредување на здравите животни навики.
Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен.
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка изјави дека нема планови да го промени своето спортско државјанство.
Кошаркарот на Тренто, Андреј Јакимовски, одигра извонреден натпревар вчеравечер на гостувањето против Бург во Б-групата од Еврокупот.
Италијанскиот тим победи со 91:73, а Македонецот стигна до 43 индексни поени, што е рекорд оваа сезона во Еврокупот.
Аргентинецот Лионел Меси е првиот последователен добитник на наградата „Лендон Донован“ за најдобар фудбалер во МЛС лигата, откако зад себе остави одлична сезона во која ја освои шампионската титула со Интер Мајами.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на социјалните мрежи најави новина во репрезентацијата. Соработката на ФФМ со спортската опрема „Јако“ истече и според најавата фудбалерите во иднина ќе носат дресови на светски познатата компанија – Адидас.
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа нов пораз во групата Б од Лигата на шампионите. Тие во дуелот од 10.коло загубија на гостувањето кај хрватскиот првак Загреб со 27:23.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е нов фудбалер на Локомотива Загреб. Ова го објави клубот на својата официјална страница.