Шкендија е најголем добитник во 30. коло на Прва македонска фудбалска лига. Тетовци ги искористија вчерашните киксови на Струга ТЛ и на Шкупи и се искачија на првата позиција на три кола пред крајот на домашното првенство.
Спорт
-
Фудбал 02.05.2024 10:22
-
Кошарка 30.04.2024 12:56
Второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант
За прв пат по две децении, второто коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот ќе помине без водечките играчи во последните години Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент.
Лејкерс на Џејмс и Феникс на Дурент испаднаа во првото коло.
-
Фудбал 29.04.2024 12:57
Ограничување на платите во Премиер лигата
Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Скај спортс“.
-
Кошарка 29.04.2024 12:53
Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот
Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.
Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.
-
Ракомет 26.04.2024 20:40
Екипата на Вардар славеше над Струга
Во 11 коло во плеј-офот на македонската ракометна Суперлига екипата на Вардар иако во комбиниран состав убедливо со 36:15 славеше над Струга.
-
Фудбал 25.04.2024 22:02
Рома го доби прекинатиот натпревар со Удинезе
Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување – 1:2. Фудбалерите на Удинезе и Рома го комплетираа прекинатиот натпревар од 32 коло во италијанската Серија А.
-
Останати спортови 25.04.2024 21:54
Кобајаши го сруши светскиот рекорд во скијачки скокови
Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во скијачки скокови.
Кобијаши успеа да скокне неверојатни 291 метри и тоа е за 37.5 метри повеќе од стариот.
-
Тенис 25.04.2024 21:49
Надал се пласираше во второто коло на турнирот во Мадрид
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на турнирот во Мадрид, откако по два сета го совлада Американецот Дарвин Бланк со 6:1, 6:0. Моментално е 512 играч во светот до победата над 16-годишниот тенисер од САД стигна по час и шест минути игра.
-
Тенис 23.04.2024 20:36
Ѓоковиќ по петти пат ја доби наградата „Лауреус“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) по петти пат во кариерата ја доби наградата „Лауреус“, за најдобар спортист на светот.
-
Фудбал 22.04.2024 14:19
Модриќ: На чекор сме до титулата
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој го предводеше Реал Мадрид со капитенската лента на раката во неделата вечер во триумфот над Барселона со 3-2, изјави дека на неговиот тим му преостанува уште „многу малку“ за да го освои шпанското првенство.







