Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги промовира медалите што ќе им бидат доделени на победниците на Летните игри 2024 година во Париз.
Спорт
-
Останати спортови 08.02.2024 13:56
-
Фудбал 08.02.2024 11:25
Клоп нема да ја прифати понудата да ја води Барселона
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп следната сезона нема да соработува со Барселона. Германскиот стручњак ја отфрлил оваа можност бидејќи сѐ уште сака да паузира од тренерската работа по заминувањето од англискиот клуб.
-
Останати спортови 08.02.2024 10:03
Тенисерките доминираат меѓу најплатените спортистки
Меѓу десетте најдобро платени спортистки во изминатата години дури седум се тенисерки. На врвот на листата е американската тенисерка Коко Гоф, која во 2023 година заработи 21,1 милиони евра.
Зад неа е полската тенисерка Ига Швјонтек со вкупно инкасирани 20,2 милиони евра.
-
Кошарка 07.02.2024 10:58
Неверојатна тројка на Дончиќ, противничките навивачи му скандираа „МВП“
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг блескаа во победата на Далас во Бруклин 119:107. Импресивната партија на Дончиќ, ја натера домашната публика во финишот да му скандира: „МВП, МВП, МВП“.
-
Фудбал 07.02.2024 10:47
Манчестер Јунајтед бара помош од државата за изградба на нов стадион
Џим Ретклиф, сопственикот на „Инеос“, бара поддршка од Владата на Обединетото Кралство и од програмата на фондот „Левелинг ап“ за изградба на најмодерниот стадион во северозападниот дел на Англија, кој би му ривал на „Вембли“ во сите погледи.
-
Тенис 07.02.2024 10:01
Ѓорческа со убедлива победа го почна турнирот во Анталија
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со убедлива победа во два сета на Холанѓанката Маделиеф Хагеман го почна ИТФ фјучрс турнирот во Анталија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Ова беше прв меч за Македонката по квалификациите на Австралија опен.
-
Фудбал 05.02.2024 11:05
Финалето на СП во 2026 година ќе се одигра во Њу Џерси
Во Њу Џерси, стадионот „Метлајф“, ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Првиот натпревар на Мундијалот во 2026 година ќе се одигра на 11 јуни на стадионот на „Ацтека“ во Мексико Сити.
-
Останати спортови 05.02.2024 10:53
Даниел Јуле испиша историја во скијањето
На вчерашниот слалом во Шамони беше испишана историја откако Даниел Јуле стана првиот скијач кој успеал да победи откако на првата трка завршил како 30-ти. Прв пат во историјата на Светскиот Куп се случило некој скијач да направи толку голем скок и на крајот да слави победа.
-
Тенис 05.02.2024 10:37
Ѓоковиќ 411-та недела на првото место на АТП листата
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња денеска ја започна 411-та недела на првото место на АТП листата. Со оглед на тоа дека српскиот ас е апсолутен рекордер, на секои седум дена само поставува нов рекорд.
-
Кошарка 02.02.2024 19:27
Леброн останува во Лејкерси
Во последните денови во САД се шпекулираше дека Леброн Џејмс може да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс пред крајот на преодниот рок во НБА.
Сепак, оваа информација ја демантираше неговиот агент, Рич Пол, кој за „ЕСПН“ изјави дека Леброн нема да биде преместен во друг тим.







