„Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие држави не ги исполнат своите обврски во врска со борбата против тероризмот“, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак.
-
Свет 08.08.2022 09:52
-
Свет 08.08.2022 09:29
Зеленски отфрли разговори доколку Русија одржи референдум во окупираните области
„Нема разговори доколку Русија одржи референдум за окупираните области“-предупреди украинскиот претседател Зеленски. Проруските сепаратисти и војници држат под контрола големи територии во Донбас и во јужните делови.
-
Свет 07.08.2022 14:10
Киев: Кривична постапка поради гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје
Киев покрена кривична постапка поради гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје. „Русија врши нуклеарен терор, а Амнести интернешнал е пасивен и незаинтересиран“ – обвини претседателот Зеленски.
-
Свет 07.08.2022 11:45
Газа: Убиен уште еден лидер на Исламски џихад
Израелската армија уби уште еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа. Калид Мансур загина во израелски воздушен напад во градот Рафах. Утре Советот за безбедност на ОН на вонредна седница во врска со ескалацијата на конфликтот.
-
Свет 07.08.2022 11:41
Трамп: Посетата на Пелоси е кинески сон
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп со остра критика до претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за нејзината посета на Тајван. На митингот на конзервативците во Далас, ја нарече „Луда Ненси“, а нејзиното патување, кинески сон“.
-
Свет 07.08.2022 11:32
Куба: Голем пожар во складиште за нафта во Матанзас
Седумнаесет исчезнати, а 77 повредени во големи пожар во складиште за нафта предизвикан од удар на гром во западна Куба. Владата упати повик за меѓународна помош. Евакуирани се стотици лица.
Според надлежните, системот за заштита не можел да го апсорбира силното електрично празнење.
-
Свет 07.08.2022 11:23
МААЕ: Опасност од гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија изрази загриженост поради гранатирањето на нуклеарката во Запорожје. Претседателот на Украина Володимир Зеленски револтиран од пасивниот однос на Амнести Интернешнал за, како што вели, „нуклеарниот терор на руската армија“.
-
Свет 06.08.2022 12:45
Кина: Маневрите се професионални и во согласност со законот
Тајпеј тврди, кинески авиони и бродови симулираат напад на главниот тајвански остров. Пекинг се брани, маневрите се професионални и транспарентни, и во согласност со домашните и меѓународните закони. Бројот на зони околу Тајван во кои се изведуваат вежбите се зголеми на седум.
-
Свет 06.08.2022 11:10
Најмалку 11 лица загинаа во автобуска несреќа во Хрватска
Најмалку 11 лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5 и 40 часот на хрватскиот автопат во правец кон Загреб, меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец.
-
Свет 06.08.2022 10:55
Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума
Општина Прешево прогласи вонредна состојба поради пожарот што избувна вчера. Жителите не се загрозени, но во опасност се животните.
Огнот избувна во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево. Горат 50 хектари борова шума,










