Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц одобри можно повикување на 25 илјади резервисти во случај на ескалација на насилството во Појасот Газа, кој беше нападнат од израелски авиони.
-
Свет 06.08.2022 10:06
-
Свет 06.08.2022 10:01
Украина: Се разгорува источниот фронт, шансите за мировно решение се минимални
164-ти ден од војната во Украина. Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за нападот врз нуклеарната електрана во Запорожје. Според официјални лица, шансите за успешен дијалог засега се минимални. Од руското МНР изразија подготвеност да разговараат со САД за размена на затвореници.
-
Свет 06.08.2022 09:50
Тајпеј: Кинески авиони симулираат напад
Тајпеј тврди, кинески авиони и бродови симулираат напад на главниот тајвански остров. Пекинг се брани, маневрите се професионални и транспарентни, и во согласност со домашните и меѓународните закони. Бројот на зони околу Тајван во кои се изведуваат вежбите се зголеми на седум.
-
Свет 05.08.2022 19:55
Полициски час во Николаев заради разоткривање на соработниците на руските сили
Украинскиот град Николаев воведе невообичаено долг полициски час од денеска во 23 часот до 05 часот во понеделник, соопшти Виталиј Ким, регионалниот гувернер на регионот Николаев.
-
Свет 05.08.2022 17:57
Путин- Ердоган: Дотекот со гас не е прекинат единствено поради Анкара
Турскиот поток функционира без проблем и за тоа Европа треба да ѝ биде благодарна на Анкара, рече рускиот претседател Путин по средбата со турскиот колега Ердоган во Сочи.
-
Свет 05.08.2022 16:48
Борбена готовност во Тајван, кинеските бродови и авиони ја преминаа линијата на раздвојување
Министерството за одбрана во Тајпеј тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот.
-
Свет 05.08.2022 15:42
Земјите- членки на ЕУ евакуираа 1.000 пациенти од Украина
Европската Унија евакуираше 1.000 пациенти од украински болници бидејќи здравствениот систем на земјата е под зголемен притисок поради руската инвазија.
-
Свет 05.08.2022 12:35
Тајван забрзано ја зголемува воената готовност
Министерството за одбрана на Тајван тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот.
-
Свет 05.08.2022 11:48
САД прогласија вонредна состојба поради ширење на мајмунски сипаници
Соединетите Американски Држави прогласија вонредна состојба во јавното здравство за да го засилат одговорот на епидемијата на мајмунски сипаници. Досега се инфицирани над 6.600 американци.
-
Свет 05.08.2022 10:44
Средба Вучиќ - Курти во Брисел на 18 август
Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18-ти август во Брисел.
За прв пат по повеќе од една година, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе разговараат за дијалогот меѓу Приштина и Белград.










