Во шведскиот град Визби на островот Готланд вчера во напад со нож е убиена жена, за време на одржувањето на „Амалдален Неделата“, политички настан што традиционално секоја година се одржува во тоа место.
-
Свет 07.07.2022 09:49
-
Свет 06.07.2022 15:03
Милион муслимански верници на аџилак
Милион муслимански верници се собраа на аџилак во Мека, Саудиска Арабија. Пандемијата од коронавирусот изминатите две години значајно го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта.
Годинава аџилакот е за лица помлади од 65 години, целосно вакцинирани.
-
Свет 06.07.2022 15:02
Натамошно тестирање за Ковид-19 за жителите на Шангај
На жителите на повеќето делови на Шангај им се наредени натамошни тестови за Ковид-19, откако се појавија нови 24 случаи во градот кој штотуку излезе од строгото заклучување.
-
Свет 06.07.2022 15:01
Уште двајца министри од британската Влада поднесоа оставки
Уште двајца британски министри поднесоа оставки. Со тоа се зголемува притисокот врз премиерот Џонсон, по вчерашните оставки на министерот за финансии и за здравство.
-
Свет 06.07.2022 15:00
Штрајк на железничарите во Франција
Штрајкот на железничарите кои бараат повисоки плати поради кризата со трошоците за живот ги прекина железничките услуги во Франција.
-
Свет 06.07.2022 13:43
Евакуирани 85.000 од Нов Јужен Велс
Сателитски снимки покажуваат дека силното невреме со поројните дождови се оддалечува од подрачјето на Сиднеј, но и водостојот на реките е сè уште на опасно ниво.
Во третата голема поплава годинава во Австралија мораа да се евакуираат над 85 илјади луѓе од Нов Јужен Велс.
-
Свет 06.07.2022 12:46
Војната во Украина влегува во петтиот месец
Славјанск под силен оган. Украинскиот град се смета за идна цел на руските сили по падот на Лисичанск. Во нападите има жртви. Ракетирање и преку границата во руски Курск и Брјанск.
-
Свет 06.07.2022 09:49
Деџорџио призна вина за убиството на новинарката Каруана Галиција
„За мене тоа беше само работа, а да знаев повеќе за неа, ќе барав и поголем паричен надомест“, изјави Џорџ Деџорџио, еден од обвинетите за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција која загина во експлозија на подметната бомба во нејзиниот автомобил.
-
Свет 06.07.2022 09:47
Суша во Италија, Шпанија, Португалија, Грција
Вонредна состојба во Северна Италија поради најголемата суша во последните 70 години, што според научниците се должи на климатските промени. Во Рим вчера избувна голем пожар во парк на неколку километри од Ватикан.
-
Свет 06.07.2022 09:44
Битки во Доњецк, напади врз руски Брјанск и Курск
Славјанск под силен оган. Украинскиот град се смета за идна цел на руските сили по падот на Лисичанск. Во нападите има жртви. Ракетирање и преку границата во руски Курск и Брјанск.










