Саботажа предизвика сериозни нарушувања во железничкиот сообраќај во Холандија. Инфраструктурниот оператор „ПроРејл“ соопшти дека на повеќе локации намерно биле поставени материјали на шините, предизвикувајќи дефекти во сигналниот систем.
-
Свет 15.09.2026 12:36
-
Свет 15.09.2026 11:41
Москва и Киев продолжуваат со напади, НАТО собори дрон над Литванија
Нов ден напади во Украина и Русија, во услови на најавен договор за воздржување од удари врз енергетската инфраструктура. Во Киев погодена бензиска пумпа, од друга страна Москва пријавува за удари врз рафинерија за нафта во Самарската област и магацин во Таганрог.
-
Свет 15.09.2026 10:08
Вучиќ ќе поднесе оставка на 27 септември и ќе ја започне кампањата за парламентарните избори
Српскиот претседател Вучиќ најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка и ќе ја започне кампањата за парламентарните избори закажани за 25 октомври. Тој ќе ја предводи листата „Обединета Србија“, формирана околу Српската напредна странка.
-
Свет 14.09.2026 19:32
Јеменскиот фронт ја разгорува кризата на Блискиот Исток
Разгорува јеменскиот фронт на Блискиот исток. Проиранските Хути извршија ракетни и напади со дронови врз цели во Саудиска Арабија и зазедоа нови стратешки позиции во близина на теснецот Баб ел-Мандеб во јужниот дел на Црвено Море, зајакнувајќи ја контролата врз важната поморска рута.
-
Свет 14.09.2026 14:25
Трамп ги отфрли повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција, оценувајќи дека зад предупредувањата за нејзините ризици стојат „многу негативни сили“.
-
Свет 14.09.2026 14:18
Европа ја осуди Русија по нападот врз возот кај украинско-полската граница
Ескалира војната во Украина. Не поминува ден без интензивни напади.
-
Свет 14.09.2026 13:41
Состојбата со пожарот на Брач поповолна, нема поголеми пламени и чад
Во текот на изминатата ноќ состојбата со пожарот на Брач, кој избувна на 10 септември, е поповолна. Нема поголеми пламени ниту чад, а онаму каде што ќе се појават се од помал обем и противпожарните служби веднаш реагираат и спречуваат нивно ширење, соопштија противпожарните служби.
-
Свет 14.09.2026 12:46
Украина го нападна рускиот црноморски град Сочи
Украинските сили извршија голем напад со дронови врз рускиот црноморски град Сочи. Во повеќе делови биле регистрирани експлозии и пожари.
-
Свет 14.09.2026 12:03
Тесна трка во Шведска по изборите
Тесна трка во Шведска. Опозицијата од левиот центар има мала предност пред владејачката коалиција, откако беа преброени повеќе од 90 проценти од гласовите.
-
Свет 14.09.2026 11:24
Денеска во Мускат состанок за воспоставување безбедна рута низ Ормускиот теснец
Министрите за надворешни работи на арапските земји на состанок во Мускат за воспоставување безбедна рута низ Ормускиот теснец. На состанокот треба да биде потпишан договор, по што ќе биде информирана меѓународната поморска организација.










