По падот на Мариупол, руската офанзива се пренасочува кон Лиман. Југоисточниот фронт останува во фокусот на Москва, но битки се регистрирани и на други локации. Русија обвинува за украински напад врз Курск. Во Ирпин се бројат жртвите и се проценува штетата.
-
Свет 22.05.2022 14:34
-
Свет 22.05.2022 12:25
Пекинг е против учество на Тајван на собранието на СЗО
„Секој обид да се игра на картата на Тајван, со цел да се ограничи Кина ќе биде осуден на пропаст“, предупреди кинеското МНР.
-
Свет 22.05.2022 12:17
СЗО: Насоки за намалување на ширењето на мајмунските сипаници
СЗО работи на насоки за намалување на ширењето на мајмунските сипаници.
Во летните месеци се очекува зголемување на бројот на заразени. Според СЗО, епидемијата била предизвикана преку сексуален однос.
-
Свет 21.05.2022 11:04
Жртви во торнадо во западниот дел од Германија
Неколку загинати и десетици повредени во торнадо во Падерборн, западна Германија.
Предизвикана е и значителна материјална штета и на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија, кој го зафати невреме што се појави по невообичаено високите температури за овој период од годината.
-
Свет 21.05.2022 10:17
Русија прогласи победа во Мариупол
Русија прогласи победа во Мариупол. Москва тврди дека се предале и последните борци кои ја бранеа челичарницата „Азовстал“.
-
Свет 21.05.2022 09:40
СЗО: Мајмунски сипаници потврдени во 11 земји
Мајмунски сипаници се потврдени во 11 земји.
СЗО предупреди дека очекува зголемување на бројот на држави на листата.
-
Свет 21.05.2022 09:36
Напад во Дамаск, загинаа три лица
Три жртви во воздушен напад од Израел.
Од сириското Министерство за одбрана соопштија дека е предизвикана и материјална штета.
Според локалните медиуми, кај меѓународниот аеродром во Дамаск избувнал пожар поради што беа одложени два лета.
-
Свет 21.05.2022 09:26
Експлозија во близина на аеродромот во Женева
Експлозија и пожар во близина на женевскиот аеродром.
Очевидци на настанот наведуваат дека прво слушнале силна експлозија, по што избувнал пожар.
Сите слетувања се откажани, додека за полетувањата, поединечно одлучувале пилотите.
-
Свет 20.05.2022 19:08
Итен состанок за мајмунски сипаници
Светската здравствена организација на итен состанок за тековната епидемија на мајмунски сипаници. Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразните мајмунски сипаници во Велика Британија.
-
Свет 20.05.2022 14:23
Сенатот на САД го одобри пакетот воена и економска помош за Украина
Експлозиите почнаа среде ноќ. Дрвјата удрија врз покривот, прозорците се скршија. Парчиња стакло паднаа над трите заспани деца во спротивниот ѕид. Не се знаеше што ја погоди куќата, минофрлачи, ракети или проектили.










