Колумбиската Влада и групата Револуционерни оружени сили на Колумбија (ФАРК) ќе потпишат нов мировен договор за окончување на петдеценискиот конфликт. Документот ќе треба да биде одобрен и од парламентот.
-
Свет 23.11.2016 12:06
-
Свет 23.11.2016 12:04
Меркел: Ќе продолжи соработката со Турција
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе продолжи соработката со Турција, иако земјата има проблем со слободата на печатот и човековите права.
-
Свет 23.11.2016 10:57
Три жртви во ураганот Ото во Панама
Три лица загинаа во ураганот Ото во Панама. Бурата се движи кон Никарагва и Костарика каде што е наредена евакуација на 4000 луѓе.
-
Свет 23.11.2016 10:52
Преговорите за кипарското прашање без резултат
Лидерот на кипарските Турци изјави дека до крајот на годинава може да се постигне спогодба за кипарското прашање иако лидерите на двете кипарски заедници не се договорија колкава територија би контролирале во идната федерација.
-
Свет 23.11.2016 10:40
Сириската војска формира Петти корпус
Сириската војска формира нова единица на командоси. Повикани се сите заинтересирани доброволци да се вклучат во борбата против тероризмот.
Во соопштението во кое единицата е именувана како Петти корпус не е наведено каде ќе бидат разместени командосите.
-
Свет 22.11.2016 15:22
Германија: Тројца уапсени за поддршка на терористичка група
Тројца германци со сириско потекло биле приведени во Германија под сомнение дека ја поддржуваат групата Ахрар Ал Шам, влијателна исламистичка организација која се бори за соборување на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
-
Свет 22.11.2016 14:39
Повредени 14 луѓе во земјотресот во Јапонија
14 луѓе се повредени во земјотресот од 7,4 рихтери во Јапонија. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Јапонија лежи на сеизмички активно подрачје каде што се случуваат 20% од земјотресите со јачина над 6 рихтери на глобално ниво.
-
Свет 22.11.2016 13:26
Тигар нападна девојче во Саудиска Арабија
Тигар нападна девојче на плоштад во Саудиска Арабија. Очевидците велат дека човекот кој го донел животното за да изведе забавна точка за минувачите успеал да го скроти тигарот и да го спаси детето.
Во заливските земји дивите животни често се чуваат како домашни миленици.
-
Свет 22.11.2016 11:35
Јапонија: Повлечено предупредувањето за цунами
Јапонските власти го повлекоа предупредувањето за цунами по земјотресот од 7,4 рихтери.
Засега нема информации за жртви или материјална штета. Јапонија лежи на сеизмички активно подрачје каде што се случуваат 20% од земјотресите со јачина над 6 рихтери на глобално ниво.
-
Свет 22.11.2016 11:08
Трамп ги претстави приоритетите
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги претстави приоритетите на неговата администрација. Најамбициозниот потег е повлекувањето од трговскиот договор познат како „Транспацифичко партнерство“.









