Во првото појавување пред јавноста по претседателските избори, Хилари Клинтон изрази разочарување од поразот во трката за Белата куќа.
-
Свет 17.11.2016 11:33
-
Свет 17.11.2016 11:20
Лондонскиот градоначалник ги покани незадоволните Американци да се преселат во Британија
Градоначалникот на Лондон Садик Хан ги повика Американците кои се незадоволни од победата на Доналд Трамп да се преселат во британскиот главен град.
-
Свет 17.11.2016 10:46
ЕУ предупреди осум членки за големите буџетски дефицити
Европската комисија предупреди дека предлог- буџетите на Италија и на уште седум други членки на Еврозоната, ризикуваат да ги прекршат прописите на Европската унија.
-
Свет 17.11.2016 10:30
Над 80 жртви во воздушните напади врз Алепо
Над 80 луѓе загинаа, а десетина се повредени во воздушните напади на сириската авијација во источниот дел на Алепо. Во борбите кои траат веќе два дена се уништени многу болници и згради.
Американското министерство за надворешни работи ги осуди воздушните напади врз Алепо.
-
Свет 17.11.2016 10:17
Исламска држава го уништи древниот град Нимруд
Исламска држава го уништи древниот град Нимруд во Ирак. Пред три дена, ирачката војска ја презеде контролата врз оваа колевка на цивилизациите од рацете на џихадистите. Со експлозиви успеале да ги уништат речиси сите историски споменици.
-
Свет 16.11.2016 15:32
Емануел Макрон ја објави кандидатурата претседател на Франција
Поранешниот француски министер за економија и некогашен советник за економија на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, Емануел Макрон официјално ја објави својата кандидатура за шеф на француската држава.
-
Свет 16.11.2016 14:43
Русија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд
Русија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд, по барањата за истрага за воздушните напади кои беа поддршка за власта на сирискиот претседател Асад. Според британскиот весник „Индепендент“, Владимир Путин одбил Русија да биде предмет на истрага на судот.
-
Свет 16.11.2016 12:43
Мајк Роџерс го напушти тимот на Трамп
Поранешниот републикански конгресмен Мајк Роџерс кој беше именуван за Советник за националната безбедност, без објаснување, го напушти новиот тим на претседателот Доналд Трамп.
-
Свет 16.11.2016 12:21
Канадскиот премиер во прва официјална посета на Куба
Канадскиот премиер Џастин Трудо е во првата официјална посета на Куба. Средба одржа со претседателот Раул Кастро и други претставници на власта со цел да се зајакне економската соработка.
-
Свет 16.11.2016 12:01
ЕУ планира да воведе електронски визи
ЕУ планира да воведе систем за електронски визи за сите граѓани кои не се дел од унијата, а патуваат во Шенген зоната. Земјите кои имаат договор за безвизен режим ќе бидат обврзани да информираат и да платат за патувањето.









