20 лица беа спасени од брод кој почнал да тоне во Англискиот канал крај брегот на Кент. И во Италија беа спасени 629 мигранти. Покрај преживеаните, биле најдени и 45 трупа. Над 200 лица исчезнаа откако рибарски брод претоварен со мигранти се превртел во Средоземното Море во близина на Либија.
-
Свет 30.05.2016 10:48
-
Свет 27.05.2016 15:15
Обама во Хирошима со апел да се елиминира нуклеарното оружје
Американскиот претседател Барак Обама ја посети Хирошима за да им оддаде чест на загинатите во првиот нуклеарен напад во Втората светска војна. Се ракуваше со неколкумина преживеани во нападот, но не се извини за тогашните дејствија на својата земја.
-
Свет 27.05.2016 13:57
Паника на аеродромот во Токио
Повеќе од 300 патници и членови на екипажот беа евакуирани денеска од авион на јужнокорејска компанија откако му се запалил левиот мотор додека леталото се подготвувало за полетување од аеродромот Ханеда во Токио.
-
Свет 27.05.2016 11:10
Обама во историска посета на Хирошима
Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Хирошима каде што САД ја фрлија првата атомска бомба во 1945 година.
Од Белата куќа соопштија дека нема да се извинат за нападот, но ќе им оддадат чест на жртвите од Втората светска војна.
-
Свет 27.05.2016 10:52
Путин во официјална посета на Грција
Рускиот претседател Владимир Путин попладне пристигнува во дводневна официјална посета на Грција, каде што со грчкиот државен врв ќе разговаа за трговија, енергија и транспорт.
-
Свет 27.05.2016 10:09
Киѕингер: Безбедносна зона за бегалците во Сирија
Бегалската криза во Европа нема да се реши се додека не се создаде безбедна зона во Сирија за бегалците, оценува американскиот конгресмен и поранешен воен пилот Адам Киѕингер.
-
Свет 26.05.2016 17:16
Кампот кај Идомени целосно евакуиран
Грчките медиуми пренесуваат дека привремениот бегалски камп кај Идомени на македонско-грчката граница е целосно евакуиран. Според грчката државна телевизија ЕРТ, денеска во кампот се наоѓале уште околу 1.000 бегалци, кои биле пренесени во организираните прифатни центри во внатрешноста на Грција.
-
Свет 26.05.2016 16:21
Франција блокирана од штрајкот против новиот закон за работни односи
Франција веќе неколку дена има проблеми со снабдувањето со енергија, поточно со безнин и дизел гориво, по прекинот на работата на рафинериите и блокдата на депоата. Истовремено дојде и до преки на работата на работниците во нуклеарните централи и транспортот.
-
Свет 26.05.2016 15:41
Средба Обама- Абе, економијата и глобалниот тероризам во фокус
Претседателот Барак Обама имаше средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе пред самитот на Г7 во Јапонија. На средбата дискутирале за економијата и тероризмот на глобално ниво.
-
Свет 26.05.2016 15:10
Бегалска криза: Кампот кај Идомени речиси празен
Грчките медиуми пренесуваат дека привремениот бегалски камп кај Идомени на македонско-грчката граница наскоро ќе биде целосно евакуиран.










