Над 2.400 руски државјани војуваат на страната на Исламска држава, соопшти заменик-директорот на Федералната безбедносна служба, Сергеј Смирнов. На Исламска држава и се приклучиле и над 3.000 државјани на земјите од Централна Азија.
-
Свет 18.09.2015 15:56
-
Свет 18.09.2015 15:53
Обвинение во Германија против седум лица поради поддржување на ИД
Шестмина германски државјани и еден Пакистанец се обвинети во Германија дека ги поддржуваат Исламска држава и уште две екстремистички организации активни во Сирија, соопшти германското обвинителство.
-
Свет 18.09.2015 15:51
Шпанија: Запленети 1,7 тони кокаин од Јужна Америка
Во Шпанија се запленети 1,7 тони кокаин, а 10 лица се уапсени и осимничени како шверцери на дрога од Јужна Америка.
Заради шверц со кокин уапсени се четворица Шпанци, тројца Аргентинци, еден Британец, еден Данец и еден државјанин на парагвај, пренесува Бета.
-
Свет 18.09.2015 15:19
Берлин: Нема пари за земјите кои не се солидарни
Земјите што не ја делат солидарноста како европска вредност не можат да сметаат на европските пари, најави германскиот министер за економија Зигмар Габриел во интервју за весникот „Билд“.
-
Свет 18.09.2015 13:54
Ротердам: Уапсено лицето поради кое е евакуиран возот „Талис“
Холандската полиција уапси маж на железничката станица во Ротердам којшто денеска се заклучи во тоалетот на брзиот меѓународен воз на линијата Амстердам-Париз.
Возот беше запрен во холандскиот град Ротердам, а патниците беа евакуирани, откако еден вооружен маж се заклучи во тоалетот.
-
Свет 18.09.2015 13:34
Русија ги повика САД да ја вклучат сириската влада како партнер
Русија побара САД и нивните сојузници да ја вклучат сириската влада како партнер во борбата против Исламска држава.
-
Свет 18.09.2015 12:34
Бегалската криза се комплицира по затворањето на хрватската граница
Хрватското министерство за внатрешни работи синоќа соопшти дека на неопределено време затвара седум гранични премини со Србија, како и железничкиот сообраќај. Отворен е единствено главниот премин Бајаково, на автопатот Белград – Загреб.
-
Свет 18.09.2015 12:02
Екстремисти се обидуваат да регрутираат бегалци
Претседателот на германската Канцеларија за заштита на уставот, Ханс Масен предупреди дека радикалните екстремисти- салафистите се обидуваат да ги регрутираат муслиманите Сунити меѓу бегалците во Германија, нудејќи им помош.
-
Свет 18.09.2015 11:59
Масовен протест во Анкара против тероризмот
Стотици илјади граѓани излегоа на улицитево Анкара на голем протест против тероризмот. Демонстрациите се одржани на иницијатива на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција со поддршка на десетина синдикати и граѓански иницијативи.
-
Свет 18.09.2015 11:57
Хрватска: Затворени седум гранични премини со Србија
Хрватска затвори седум премини кон Србија за секаков вид сообраќај, додека пак граничниот премин Бајаково на границата меѓу Србија и Хрватска останува отворен, работи нормалнo и е прооден за целокупниот сообраќај.










