Бегалската криза во Европа, борбата против насилниот екстремизам и спречување на регрутирањето на странски борци за Исламската држава, ќе бидат едни од главните теми на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк.
-
Свет 18.09.2015 10:44
-
Свет 17.09.2015 15:16
Ќе му дадат ли Грците втора шанса на Ципрас?!
Топла септемвриска вечер во атинскиот кварт Панорму. Погледите на случајните минувачи и на пензионерите по клупите, запираат на штандовите што политичките партии ги имаат поставено во овој парк.
-
Свет 17.09.2015 15:04
Романскиот премиер Понта обвинет за корупција
Против романскиот премиер Виктор Понта е покреното обвинение за проневера и за перење пари во случајот поврзан со неговите претходни активности во својство на адвокат, јавува Ројтерс истакнувајќи дека се работи за еден од најсериозните случаи во борбата против корупција во Романија.
-
Свет 17.09.2015 14:19
ЕП го одбри планот за распределба на бегалците
Европскиот парламент го поддржа планот на Европската комисија за распределба на 120.000 меѓу државите членки. На 22 септември планот треба да го поддржат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки.
-
Свет 17.09.2015 13:43
Германија: Началникот на Канцеларијата за бегалци поднесе оставка
Началникот на Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци Манфред Шмит, кој беше критикуван за бавна обработка на податоците од рекордениот број барања за азил, даде оставка. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија.
-
Свет 17.09.2015 13:02
18 загинати во поплавите во Јута
Драматични снимки од поплавите што ја зафатија американската сојузна држава Јута, на границата со Аризона. Надојдената вода одвлече две возила во кои имало три жени и 13 деца. Ги заробила вода што надоаѓала од повеќе правци и ги повлекла низводно. Се спасиле само три, уште едно е исчезнато.
-
Свет 17.09.2015 11:56
Масовна тепачка во јапоснкиот парламент поради законот за одбрана
Масовна тепачка избувна во јапонскиот парламент во името на мирот и ненасилството. Опозицијата се судри со владејачката коалиција во одбрана на пацифистичкиот Устав од нова интерпретација.
-
Свет 17.09.2015 11:42
Хаос на Унгарско- српската граница, и Словенија го суспендира Шенген
Се заоструваат односите на Унгарија со соседите, но и со Европската Унија поради начинот на кој се справува со бегалците. Будимпешта упати нота до Србија со барање да спречи вооружени мигранти да ја поминат границата кај Хоргош.
-
Свет 17.09.2015 11:11
Силен земјотрес и цунами го погоди Чиле
Силен земјотрес од 8,3 рихтери го погоди Чиле, по што следеше цунами со бранови високи и до 5 метри. Крајбрежните улици во градот Параисо се поплавени, а над милион граѓани се евакуирани.
-
Свет 17.09.2015 09:13
Избори во САД: Аутсајдери во трка за републиканска номинација
Милијардерот Доналд Трамп и пензионираниот неврохирург Бен Карсон водат во трката за претседателски кандидат на Републиканската партија. Со изјавата дека сите илегалци треба да се протераат од земјата и да се изгради ѕид кон Мексико, Трамп го предизвика гневот на Латиноамериканците.










