Нема договор за бегалците како што сакавме, изјави вчера вечер европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос по состанокот на министрите за правда и внатрашни работи на земјите- членки на Европската Унија.
-
Свет 15.09.2015 12:26
-
Свет 15.09.2015 10:45
Европските и американските експерти за миграција апелираат за солидарност
Бегалската криза во Југоисточна Европа, Грција, Италија, Унгарија и земјите од Западниот Балкан, се должи на конфликтот на Блискиот Исток, но и на можноста за бегалците да пристигнат во побогати држави.
-
Свет 14.09.2015 16:45
Мигрантската криза кулминира
Мигрантската криза достигна кулминација, земјите од Европа соочени со бранот бегалци свртеа нов лист. Унгарија од утре ја затвара границата со Србија. 4.300 војници ќе бидат распоредени, со дозвола да употребат сила доколку мигрантите нелегално влегуваат.
-
Свет 14.09.2015 14:42
ЕУ одобри воени акции против криумчарите на луѓе
Властите на ЕУ планираат да ги искористат и да ги уништат бродовите за да ја разбијат мрежата што дејствува од разорената Либија.
-
Свет 14.09.2015 14:27
Лондон именуваше министер за бегалци
Даунинг стрит соопшти дека именувале министер кој ќе води сметка за 20.000 сиријски бегалци, колку што се подготвени да примат од камповите на земјите што се граничат со разорената Сирија.
-
Свет 14.09.2015 14:14
Медведев: Народот го поддржа курсот на владата
Лидерот на руската владејачка партија Единствена Русија, премиерот Дмитриј Медведев, изјавил дека резултатите на неговата партија на регионалните избори покажале дека народот и во моменти на тешка економска ситуација го поддржува курсот на владата.
-
Свет 14.09.2015 13:37
САД: Отстранета закана по живот пред посетата на папата Франциск
САД ја отстраниле заканата за поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој месецов ќе го посети Вашингтон и неколку други градови, соопштува Вашингтон без да наведе детали.
-
Свет 14.09.2015 13:31
Во Египет по грешка убиени 12 туристи
Во текот на антитерористичката акција во западниот дел на Египет, по грешка се убиени туристи кои биле во конвојот возила кон кој пукале египетските безбедносни сили, јавуваат британските медиуми.
-
Свет 14.09.2015 12:09
Калифорнија: Вонредна состојба поради пожарите
Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба поради пожарите кои натераа на евакуација илјадници луѓе на северот на сојузната држава.
Уништени се речиси 300 куќи, а уште повеќе се во опасност. Пожарите се последица на високите температури и повеќе години суша.
-
Свет 14.09.2015 12:03
Египетските сили убија 8 џихадисти поврзани со киднапирањето на Салопек
Египетските безбедносни сили убиле осуммина џихадисти поврзани со киднапирањето на Хрватот Томислав Салопек, кого го обезглави Исламска држава.










