• Свет 21.09.2015 16:02

    Втора шанса за Ципрас, неизвесна иднина за Грција

    Избори, победа на СИРИЗА и коалиција со Независни Грци е она што го одбележа последото деноноќие во Грција. Левичарската партија е прва по вчерашните избори, со освоени 35 проценти од гласовите, наспротив вторпласираната Нова Демократија, која што освои 28 проценти.

  • Свет 21.09.2015 14:01

    Вишеградската група на разговори за бегалската криза

    Вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на Полска, Чешка , Словачка, Унгарија и Лугсембург, за бегалската криза и распоредување на квотите. Полскиот министер најави дека нема да прифатат задолжителни квоти.

  • Свет 21.09.2015 13:06

    Хрватска: Граничниот премин Брегане е празен

    Мигрантите на граничниот премин Брегане на Хрватско-словенечката граница беа пуштени во Словенија и изутринава таму нема повеќе мигранти, јавија хрватските медиуми.

  • Свет 21.09.2015 11:56

    Путин: Честитка за Ципрас- да се зајакне соработката со Грција

    Рускиот претседател Владимир Путин му испрати телеграма на Алексис Ципрас со честитки за победата на Сириза на изборите во Грција, соопштуваат од Кремљ.

  • Свет 21.09.2015 11:53

    Папата Франциск дома кај Фидел Кастро

    Папата Франциск е во посета на Куба. Во Хавана ја предводеше мисијата на Плоштадот на Револуцијата.

    Ги повика христијаните да „им служат на најслабите и истовремено да го отфрлат служењето на идеологии“, алудирајќи на комунистичкиот режим.

  • Свет 21.09.2015 11:50

    „Десен сектор“ постави блокади на Крим

    Проукраинските активисти и претставници на организацијата „Десен сектор“ поставија блокади со бетонски блокови и автомобилски гуми на патиштата меѓу полуостровот Крим и украинското копно.

  • Свет 21.09.2015 10:48

    Грците му дадоа втора шанса на Ципрас

    Со 35 насто освоени гласови, Сириза на Алексис Ципрас победи на вонредните парламентарни избори кои вчера се одржаа во Грција, додека конзервативната Нова Демократија освои 28 проценти.

  • Свет 18.09.2015 15:56

    За Исламска држава војуваат 2.400 Руси

    Над 2.400 руски државјани војуваат на страната на Исламска држава, соопшти заменик-директорот на Федералната безбедносна служба, Сергеј Смирнов. На Исламска држава и се приклучиле и над 3.000 државјани на земјите од Централна Азија.

  • Свет 18.09.2015 15:53

    Обвинение во Германија против седум лица поради поддржување на ИД

    Шестмина германски државјани и еден Пакистанец се обвинети во Германија дека ги поддржуваат Исламска држава и уште две екстремистички организации активни во Сирија, соопшти германското обвинителство.

  • Свет 18.09.2015 15:51

    Шпанија: Запленети 1,7 тони кокаин од Јужна Америка

    Во Шпанија се запленети 1,7 тони кокаин, а 10 лица се уапсени и осимничени како шверцери на дрога од Јужна Америка.

    Заради шверц со кокин  уапсени се четворица Шпанци, тројца Аргентинци, еден Британец, еден Данец и еден државјанин на парагвај, пренесува Бета.

Pages