Северна Кореја се врати онлајн по досега невиден прекин на интернетот, сред спорот за сајбер безбедноста со САД.
Воспоставени се дел од интернет врските откако земјата накратко остана во целосен информациски мрак.
Северна Кореја се врати онлајн по досега невиден прекин на интернетот, сред спорот за сајбер безбедноста со САД.
Воспоставени се дел од интернет врските откако земјата накратко остана во целосен информациски мрак.
Во Грција се одржува вториот круг од претседателските избори. Во првиот, кандидатот на владејачката коалиција Ставрос Димас не успеа да собере 200 од 300 пратенички гласови.
Според аналитичарите, Димас нема да биде избран ниту во вториот круг.
Тротоарите во Франција стануваат небезбедни за пешаците. Додека купувале за празниците на Божикниот пазар во Нант, група минувачи настрада од комби кое удри во нив со полна брзина.
На мрачната страна на интернетот демне опасноста на новото време – нова светска војна што ќе се води дигитално. Компјутерџиите предупредуваат – 2015 ќе биде година на сајбер-армагедон.
Брисел дише во духот на Божиќните и новогодишните празници. Божиќната потрошувачка треска се чуствува на секој чекор.
Пакистан во наредните недели планира да погуби 500 осуденици за тероризам.
Исламабад ја врати смртната казна само за случаи на тероризам по масакрот во военото училиште во Пешавар, кога талибанците убија 149 луѓе, повеќето деца.
Француските власти се внимателни околу квалификаците на настанот во Дижон.
Шпанската принцеза Кристина ќе мора да одговара пред Високиот суд во Мадрид. Обвинета е за соучество во прикривање данок и перење пари.
Хакерски напад на компјутерската мрежа на јужнокорејска нуклеарна централа. Од компанијата велат дека не е направена голема штета и не се украдени доверливи информации.
Велика Британија подготви пакет мерки за нормлизирање на состојбата со странските студенти, кои по завршување на образованието остануваат во земјата.