• Свет 25.07.2025 10:32

    Земјотрес на Лефкада во Грција

    Земјотрес со интензитет од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во петок во 07.31 часот во Грција.

    Според последните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на островот Лефкада.

  • Свет 25.07.2025 10:02

    Судирите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат

    Судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжуваат. Камбоџа користи тешко оружје, вклучувајќи артилерија и ракети. Судирите се случуваат долж нивната граница. Тајландските сили одговориле со соодветен оган според тактичката ситуација.

  • Свет 25.07.2025 09:07

    Итен состанок меѓу Париз, Лондон и Берлин за ситуацијата во Газа

    Итен состанок меѓу Париз, Лондон и Берлин за ситуацијата во Газа.

  • Свет 24.07.2025 20:16

    СБ на ООН: Состојбата во Газа е кошмар

    Хамас вели дека доставил одговор на предлогот за примирје во Газа и ослободување на заложниците, откако медијаторите жестоко го отфрлија претходниот предлог презентиран од милитантната група. Во енклавата и натаму состојбата непроменета.

  • Свет 24.07.2025 15:35

    Напади по Истанбул, Украина повторно на мета

    Со беспилотни летала Русите извршија масовен напад врз Одеса. Оштетени се станбени згради, пазар и историски центар под заштита на УНЕСКО. Нападнат е и Черкаси, град во централна Украина. И Москва нотира напади со беспилотни летала во познатото руско одморалиште Сочи.

  • Свет 24.07.2025 14:02

    Во Пекинг самит ЕУ-Кина, во фокусот глобалните предизвици и трговските односи

    „Американските тарифи се меѓу 15 и 50 насто. Земјите треба да се отворат за американските производи, без тоа нема договор со европската унија со која сме во сериозни преговори. И со кина исто така“, порача американскиот претседател, Доналд Трамп.

  • Свет 24.07.2025 12:36

    Судир на границата меѓу Тајланд и Камбоџа

    Нарушен кревкиот мир меѓу Тајланд и Камбоџа. На шест локации на спорните точки по должината на граничната линија избувнаа меѓусебни судири. Има загинати и повредени. Двете страни со заемни обвинувања за почеток на конфликтот.

  • Свет 24.07.2025 11:34

    Беснее пожар на Кипар, најмалку две лица загинаа

    Голем пожар беснее на Кипар од средата. Уништени се цели населби, а најмалку две лица загинаа. Пожарникарите, поддржани од 13 авиони се борат со пламените јазици. Се очекува засилување од странство.

  • Свет 24.07.2025 10:26

    Киев и Москва договорија размена на воени затвореници и цивили

    Киев и Москва се согласија за размена на воени затвореници и цивили за време на вчерашната, трета рунда мировни преговори во Истанбул. Шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, изјави дека Украина е подготвена за примирје и ја повика Русија да покаже конструктивен и реалистичен пристап.

  • Свет 24.07.2025 09:55

    Ескалираа вооружените судири меѓу Тајланд и Камбоџа

    Ескалираа вооружените судири меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница. Тајландски воен авион бомбардираше цели во Камбоџа, има загинати цивили. По неколку недели тензии и дипломатски притисоци Тајланд го повлече амбасадорот од Камбоџа.

Pages