Поради завивањето на сирените, уште една бессона ноќ во Киев, Харков, Одеса, Запорожје. Руските оружени сили ги лансираа најмасовните воздушни напади досега. Облак од 500 дрона и 25 крстосувачки ракети го затемни небото над Украина.
-
Свет 21.07.2025 12:46
-
Свет 21.07.2025 11:56
По изборите Ишиба вети дека ќе остане
По резултатите од изборите за горниот дом, јапонскиот премиер Ишиба Шигеру изјави дека има намера да остане на функцијата.
-
Свет 21.07.2025 10:26
Најмалку едно лице загина во синоќешниот руски напад врз Одеса
Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени кога пожар зафати станбена зграда по синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса.
-
Свет 21.07.2025 10:18
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка в петок во Истанбул
В петок во Истанбул, нов круг преговори за иранската нуклеарна програма меѓу Иран и таканаречената европска тројка, Германија, Франција и Обединетото Кралство.
-
Свет 21.07.2025 10:08
Хуманитарната катастрофа во Газа на критично ниво
Хуманитарната катастрофа во Газа достигнува критично ниво. По речиси една година војна меѓу Израел и Хамас, цивилите секојдневно се соочуваат со суровите услови за живот во енклавата. Недостигаат храна и лекови, а алармантна е и состојбата со водоснабдувањето.
-
Свет 20.07.2025 16:55
Балканот на удар на климатските промени
Климатските промени го земаат данокот. Екстремните временски услови со силни бури и поројни дождови, долги и чести топлотни бранови – од година на година сè се, поинтензивни. Ова лето, Балканот е на удар на суша – една од најтешките во последнава деценија.
-
Свет 19.07.2025 13:35
Засилена дипломатија на Блискиот Исток
Десет заложници во Газа наскоро ќе бидат ослободени, уверува американскиот претседател. Претставници од Израел и Хамас учествуваат во нова рунда преговори за прекин на огнот во Доха за предлогот поддржан од САД за 60-дневно примирје.
-
Свет 18.07.2025 18:27
Состојбата на Блискиот Исток непроменета, ООН бара единство и почитување на сите заедници
Кревкото примирје во Сирија на тест. Ноќеска избувнаа нови судири меѓу Друзите и членовите на бедуинските племиња во јужна Сирија. Владините сили повторно беа распоредени откако претходно се повлекоа според договорот за прекин на огнот со кој се запреа неколкудневните насилства.
-
Свет 18.07.2025 14:42
Пожари во Шпанија и Франција
Неконтролиран шумски пожар пеплоса околу 3.000 хектари околу 50 километри југозападно од Мадрид.
Локалните власти ги повикаа жителите да останат дома поради густиот чад. Голем делови од Шпанија се под предупредувања за екстремно топло време и пожар.
-
Свет 18.07.2025 12:20
Претседателот на Бразил го осуди Трамп поради заканата за воведување царини
Претседателот на Бразил го осуди Трамп поради заканата за воведување царини за бразилски производи.
Шефот на Белата Куќа вели дека царините се казна за судските постапки против поранешниот бразилски претседател Болсонаро.










