Четири лица загинаа откако се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја.
Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено.
Четири лица загинаа откако се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја.
Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено.
Консултации на Советот за безбедност за прекинот на огнот во руско-украинската војна. Рускиот претставник изрази скептицизам за прекин на огнот. Посочи дека имало обид за ограничен прекин на огнот на енергетската инфраструктура што не бил почитуван од украинската страна.
Најмалку шест лица хоспитализирани откако полицијата одговорила на пукање во зградата на Студентскиот сојуз во кампусот на Државниот универзитет во Флорида во Талахаси. Според полицијата, едно лице е приведено.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека украинското разузнавање добило информации дека „Кина и испорачува оружје на Руската Федерација“.
Американскиот претседател Трамп и италијанската премиерка Мелони, изразија оптимизам во однос на решавање на трговските тензии што ги заострија односите меѓу САД и ЕУ, непосредно пред нивната средба во Белата куќа.
Глобалната трговија годинава ќе се намали поради царините наметнати од американскиот претседател, прогнозира Светската трговска организација. Влијанието на неодамнешните промени во трговската политика варира во различни региони.
РТС четврти ден е блокирана од сите страни, како и студијата во Кошутњак од страна на студентите во блокада и граѓани. Тие бараат нови членови на РЕМ. Утринава не е емитувана утринската програма, а со проблеми се одвиваат програмските содржини на РТС.
Електраните низ Порторико неочекувано престанаа со работа, предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Мрак го зафати речиси целиот остров со повеќе од еден милион корисници, додека територијата на САД се подготвуваше да ја прослави Светата недела, а хотелите беа речиси преполни.
Глобалната трговија годинава ќе се намали поради царините наметнати од американскиот претседател, прогнозира Светската трговска организација. Влијанието на неодамнешните промени во трговската политика драстично варира во различни региони.