Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер, во американската држава Њујорк.
Патниците и екипажот биле безбедно евакуирани, нема информации за повредени во несреќата.
Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер, во американската држава Њујорк.
Патниците и екипажот биле безбедно евакуирани, нема информации за повредени во несреќата.
Полицијата забрани, но сепак илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тел Авив барајќи прекин на оружените пресметки во Појасот Газа. 30-ина невладини организации, меѓу нив и „мајките против насилството“, се појавија на протестот.
Нема да се востанови палестинска држава по целосната победа на Израел над Хамас. Ова е ставот на израелскиот премиер Нетанјаху целосно спротивен на тврдењето на Вашингтон по офанзивата на Тел Авив во Појасот.
Мисијата „Аксиома“, прва со целосна европска посада, беше лансирана од центарот „Кенеди“ на НАСА од Флорида.
Полицијата и војската се вклучени во спасувачката операција по поројните дождови кои предизвикаа свлечишта во регионот Давао на Филипините.
Поддржувачите на дисидентот на Руската република Башкортостан Фаил Алсинов, осуден на затвор од четири години, се судрија со полицијата во градот Уфа. Полицијата по собирот каде што се пееја народни песни почна да ги апси активистите. Алсинов е осуден поради поттикнување етничка омраза.
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 6 часот и 11 минути на длабочина од еден километар. Потресот е регистриран на 49 километри југоисточно од Тирана.
Сообраќајот во Германија веќе три дена е во застој поради снег и замрзнат дожд. Автопатите се заглавени, железничките линии се откажани.
Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил.
Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати.
Во Србија од ден на ден се зголемува бројот на заболени од голема кашлица. Според податоците на Институтот „Батут“ таа е потврдена кај 1.051 лице. Најмногу заболени има во Јужнобачкта област и во Белград, каде што е прогласена епидемија.