Илјадници демонстранти во Санаа, главниот град на Јемен, протестираа во знак на солидарност со Палестинците и против политиките на Израел и Америка.
-
Свет 19.01.2024 16:59
-
Свет 19.01.2024 16:58
Фармацевтски компании осомничени за незаконска препродажба на лекови
Во Германија, неколку фармацевтски компании се осомничени за незаконска препродажба на скапи лекови против Ковид-19.
-
Свет 19.01.2024 16:56
Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер
Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер, во американската држава Њујорк.
Патниците и екипажот биле безбедно евакуирани, нема информации за повредени во несреќата.
-
Свет 19.01.2024 16:31
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тел Авив
Полицијата забрани, но сепак илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тел Авив барајќи прекин на оружените пресметки во Појасот Газа. 30-ина невладини организации, меѓу нив и „мајките против насилството“, се појавија на протестот.
-
Свет 19.01.2024 12:29
Нетанјаху ѝ порача на Америка дека е против палестинска држава во секое повоено сценарио
Нема да се востанови палестинска држава по целосната победа на Израел над Хамас. Ова е ставот на израелскиот премиер Нетанјаху целосно спротивен на тврдењето на Вашингтон по офанзивата на Тел Авив во Појасот.
-
Свет 19.01.2024 11:40
Прва целосна европска посада лансирана од центарот „Кенеди“ на НАСА
Мисијата „Аксиома“, прва со целосна европска посада, беше лансирана од центарот „Кенеди“ на НАСА од Флорида.
-
Свет 19.01.2024 11:29
Поројни дождови предизвикаа свлечишта во регионот Давао на Филипините
Полицијата и војската се вклучени во спасувачката операција по поројните дождови кои предизвикаа свлечишта во регионот Давао на Филипините.
-
Свет 19.01.2024 11:22
Активист за човекови права во Башкортостан е осуден на четири години затвор
Поддржувачите на дисидентот на Руската република Башкортостан Фаил Алсинов, осуден на затвор од четири години, се судрија со полицијата во градот Уфа. Полицијата по собирот каде што се пееја народни песни почна да ги апси активистите. Алсинов е осуден поради поттикнување етничка омраза.
-
Свет 19.01.2024 10:08
Земјотрес утрово во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 6 часот и 11 минути на длабочина од еден километар. Потресот е регистриран на 49 километри југоисточно од Тирана.
-
Свет 19.01.2024 09:08
Поради снежната бура стотици летови откажани на аеродромот во Франкфурт
Сообраќајот во Германија веќе три дена е во застој поради снег и замрзнат дожд. Автопатите се заглавени, железничките линии се откажани.










