Почна асфалтирањето на околу два километра на улицата „Горно Лисиче“ во скопската општина Аеродром, проект во вредност од 14 милиони денари.
Вести
-
Македонија 30.07.2015 13:06
-
Македонија 30.07.2015 13:03
Рачна бомба ја предизвика експлозијата кај СВР Скопје, се трага по сторителот
Детонација ги вознемири жителите на скопски Аеродром. Во текот на ноќта, на тротоарот до дворот на Секторот за внатрешни работи во Скопје експлодираше кашикара. Рачната бомба ја фрлил непознат сторител и побегнал.
-
Македонија 30.07.2015 12:58
Зголемен број на кражби во Охрид за време на туристичката сезона
За време на летните одмори домовите се цел на крадците. Но, и во Охрид се злоупотребува туристичката врвулица за вакви грабежи.
Гостиварец заработи кривична пријава. Извршил 18 кражби во станови, куќи и деловни објекти, се стекнал со противправна корист од околу пет илјади евра.
-
Култура 30.07.2015 12:31
Се гради новиот Турски театар
По шест децении желбата за нова театарска сцена станува реалност. Наместо во дотраен објект, актерите од Турскиот театар на ова место, на 2.600 квадратни метри ќе ја создаваат новата историја. Денеска е поставена првата темелна плоча.
-
Македонија 30.07.2015 12:21
Беличанец-Алексиќ додели ваучери за новороденчињата од општина Кисела Вода
Семејствата на новите 40-тина жители на општина Кисела Вода, денес од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ добија ваучер во вредност од 6.000 денари.
-
Свет 30.07.2015 11:27
Квинсленд погоден од најсилниот земјотрес во изминатите 80 години
Земјотрес со сила од 5,3 степени според рихтер го потресе изутрината брегот на австралиската држава Квинсленд. Сеизмолозите тврдат дека ова е најсилниот земјотрес што ја погодил оваа држава во изминатите 80 години.
-
Свет 30.07.2015 11:22
Истражителите убедени дека се пронајдени остатоците од малезискиот авион МХ370
Истражителите се речиси сигурни дека снимката од остатоци од авион пронајдени во Индискиот Океан се дел од крилото од истиот модел Боинг 777, како што беше и Малезискиот авион кој со 239 патници и членови на екипажот исчезна по полетувањето од Куала Лумпур на 8 март 2014 година.
-
Македонија 30.07.2015 11:18
Експлозија во близина на СВР-Скопје, оштетени три возила
Во близина на зградата на СВР-Скопје во скопски Аеродром се случила силна детонација околу 15 минути по полноќ. Нема повредени лица, оштетени се прозорски стакла и три возила.
-
Македонија 30.07.2015 11:14
Топлотен бран: Екипи на Црвениот крст и денеска на градските улици
Три мобилни екипи со три возила и 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и денеска ќе патролираат низ улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња со вода на минувачите.
-
Македонија 30.07.2015 11:07
МВР: Издадени 633 потврди за искажана намера за барање за право на азил
Министерството за внатрешни работи, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, вчера издаде 633 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.










