Македонија и Албанија со договор за социјално осигурување, усогласувајќи ги националните законодавства, ќе овозможат еднаков третман и здравствена заштита за осигурениците.
Вести
-
Македонија 17.03.2015 15:01
-
Македонија 17.03.2015 14:49
Туларемија: Девет потврдени случаи, пет сомнителни
Според Институт за јавно здравје во државава има девет потврдени случаи на туларемија, а сомнителни се уште пет. Четворица од заболените се од селото Каратманово, општина Лозово.
-
Свет 17.03.2015 14:46
Антукорупциски апсења во Романија
Антикорупциски апсења ја тресат Романија. Уапсен е градоначалникот на Констанца, само еден ден по обвинението против Министерот за финансии и апсењето на првиот човек на Агенцијата за транспарентност.
-
Свет 17.03.2015 14:35
Српските просветни работници на масовен протест
Наставниците во Србија за денеска најавија масовен протест, кој е организиран од двата синдиката. Просветните работници бараат подобри услови во образованието и повисоки плати.
Според претставници од синдикатите, засега нема реакција од Министерството за образование.
-
Свет 17.03.2015 14:33
ИДИЛ киднапираше 20 медицински работници, меѓу нив и српски дрќавјани
Екстремистите од Исламска држава киднапирале 20 медицински работници од болница во градот Сирт во Либија. Меѓу заробените има и српски државјани.
-
Македонија 17.03.2015 14:30
Метео
Ни претстои краток период на промена на досегашната временска состојба.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и од повремен снег на планините.
Температурите ќе опаднат за неколку степени.
-
Македонија 17.03.2015 14:16
Ќе се набавуваат 606 болнички лекови
Министерството за здравство распиша нов тендер. Ќе се набавуваат 606 болнички лекови.
Најниската цена е најважен критериум- вели ресорниот министер Никола Тодоров. Се очекува најдоцна за четири месеци болниците да ги добијат лековите.
-
Македонија 17.03.2015 14:06
Политичката состојба во Македонија пред Комисијата на ПССЕ
Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), поточно Комисијата за следење на обрските на земјите членки на Советот на Европа, денес ја разгледа информацијата и расправаше за ситуацијата во Македонија.
-
Македонија 17.03.2015 13:51
Отворени денови на АХВ во Велес и Свети Николе
Во Велес и во Свети Николе отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Свет 17.03.2015 13:48
Париз ги блокира сајтовите што го поддржуваат тероризмот
Француските власти почнаа да применуваат мерки за гасење на сајтовите што го величат тероризмот спроведувајќи го новиот Закон за антитероризам. Веќе се блокирани 5 сајтови, соопштуваат од француското Министерство за внатрешни работи, пренесува Танјуг.










