Вести

  • Македонија 16.03.2015 14:48

    Метео

    Утре во Македонија повторно се очекува сончево време со умерена облачност. Кон крајот на денот во југоисточните региони ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд, а ќе дува и умерен ветер од североисточен правец.

  • Македонија 16.03.2015 14:26

    Нови случаи на туларемија

    Потврдени се три нови случаи на туларемија, за уште толку се чекаат потврда. Сите пациенти биле лекувани на клиниката за инфективни болести, пуштени се на домашно лекување. Здравствената состојба им е стабилна.

  • Македонија 16.03.2015 14:21

    Оглас: Доктори по општа медицина на специјализација во Белград

    Десет лекари од земјава ќе заминат на специјализација во Клиничкиот центар во Белград. Фокусот ќе биде во четири области- гинекологија, офталмологија, васкуларна хирургија и анестезија.

  • Македонија 16.03.2015 14:15

    Нови правила за означување на храната

    Од 13-ти декември 2014-та во земјите членки на ЕУ се применуваат нови правила за означување на храната кои се однесуваат на операторите со неа. Целта е да се обезбеди  високо ниво на заштита на здравјето на потрошувачите.

  • Македонија 16.03.2015 14:00

    Подготовки за проектот за набавка на таблет уреди

    Почнаа подготовките за спроведувањето на проектот бесплатен таблет и тастатура за студентите од трета и четврта година, како и бесплатни 300 илјади таблети за учениците.

  • Свет 16.03.2015 13:48

    Порошенко: Русија не познава црвени линии

    Порошенко рекол дека цел свет мора да разбере, дека Русија води војна со Украина. „Почна со руските сепаратисти кои пролетта 2014 добија поддршка со руско наоружување, а потоа и војска.

  • Македонија 16.03.2015 13:45

    Почна 12 месечната обука на новите кандидати за полициски службеници

    400-те кандидати кои ги минаа прелиминарните проверки почнаа со обука во центарот Идризово. Интересот на кандидатите и овојпат е на завидно ниво, што отвора можност за избор на најквалитетните.

  • Македонија 16.03.2015 13:37

    Досега 27.815 јавувања на „Ало докторе“

    На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември досега имало 27.815 повици. Во изминатите седум дена (од 9 до 15 март) за медицински совет на линијата се јавиле 1.052 лица.

  • Свет 16.03.2015 13:32

    Путин ја активира Северната флота со 40 илјади војници

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавил дека претседателот и врховен командант на руските оружени сили Владимир Путин наредил полна борбена готовност на Северната флота на руската морнарица и воздушно десантските единици заради воена вежба.

  • Свет 16.03.2015 13:12

    Русија: Локализиран пожарот во манастирот во Москва

    Локализиран е пожарот во камбанаријата на Новодевствениот манастир во  Москва, местото на крунисувањето на руските цареви и почивалиштето на најеминентните руски великодостојници.

Pages