Населението старее и државата има потреба од палијатвини центри за грижа за граѓаните со тешки заболувања кои што се немоќни сами да се справата со болката, со болеста или со староста. Во моментов има само во Скопје и во Битола .
Вести
-
Македонија 10.04.2014 17:49
-
Македонија 10.04.2014 17:08
„Павел Шатев“: ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ
ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство пред опозициската СДСМ. Ова го покажува анкетата на Институтот Павел Шатев според која на парламентарните избори партијата на власт ќе добие нов мандат. 27,4% од анкетираните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека партијата на Заев има 15,2% доверба.
-
Економија 10.04.2014 17:05
Германците позитивно ја оценија бизнис климата во земјава
Германските инвеститори се задоволни од бизнис климата во Македонија, покажува истражувањето на Германската стопанска комора која анкетираше 43 компании кои работат во земјава. Од нив, дури 85% се изјасниле дека повторно би инвестирале, очекувајќи висок промет и добивка.
-
Македонија 10.04.2014 17:00
Донаторите на органи ќе се лекуваат без партиципација
До крајот на годинава ќе се измени законската регулатива за зголемување на правата на донаторите на органи и коскена срцевина како што имаат крводарителите.
-
Македонија 10.04.2014 16:58
Растат платите и пензиите
Се зголемуваат платите растат и пензиите. Пред кризата платите во јавниот сектор се покачија за 25%. Годинава во буџетот за 2014 година се обезбедени средства за зголемување на платите за уште 5 проценти почнувајки од октомвриската плата.
-
Македонија 10.04.2014 16:54
Aло докторе –нов проект на Министерството за здравство
До крајот на 2015 година треба да се формира повикувачки центар за советодавни услуги и упатства за сите граѓани на Р.М.
-
Свет 10.04.2014 16:36
Украина ќе ги анместира проруските демностранти кои ќе го предадат оружјето
Украина ќе ги амнестира проруските демонстранти што ќе го предадат оружјето и ќе ги ослободат окупираните административни згради, вети преодниот претседател. Рокот за разоружување е продолжен до крајот на месецов, и за украинските националисти и за руските сепаратисти.
-
Македонија 10.04.2014 15:45
Метео
Во последниот ден од оваа работна недела нѐ очекува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, на планините со врнежи од снег, а во западните делови на некои повисоки места ќе има врнежи од дожд и снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 10.04.2014 15:28
Токсичните штрудли на „Житопрерада“ ги нема на македонскиот пазар
Штрудлите со смоква на српскиот производител „Житопрерада“ од Бечеј ги нема на македонскиот пазар. Агенцијата за храна ги повлече сите количини, а на увозникот му забрани да ги продава залихите.
-
Економија 10.04.2014 15:13
Таурус фарм го заврши првиот дел од инвестицијата во Богданци
Германската компанија Таурус фарм го заврши првиот дел од инвестицијата во Богданци, со изградба на плантажа со органски јаболка и круши, и складишно- откупен центар.










