Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата.
Централната свеченост се одржува во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата.
Централната свеченост се одржува во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Во Вашингтон нов обид за постигнување мировен договор за Украина. Прво тет-а – тет средба Зеленски-Трамп, а потоа на маса и клучните европските лидери предводени од шефицата на ЕК, Фон дер Лајен.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј Планина“, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда
Со само два потписа, од двајца избирачи, независните кандидати ќе може да влезат во трката на претстојните локални избори. Ваквата одлука ја донесе Државната изборна комисија по неуспешниот обид на народните избраници да ги изгласаат измените на Изборниот законик.
Интензивни дипломатски напори за крај на конфликтот во Украина. Зеленски во Вашингтон на средба со американскиот колега Трамп. На маса и европските лидери, предводени од претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен.
По три ноќи насилство и судири меѓу демонстрантите и полицијата, антивладините протести во Србија синоќа продолжија со силно полициско присуство, но без поголеми инциденти.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи во земјава има 4 активни пожари. Во текот на вчерашниот ден низ државата евидентирани вкупно 26 на отворен простор. Од нив, 21 се изгаснати, еден е под контрола, а четири сè уште се активни.
Денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.