Јужнокорејските истражители ги прекинаа напорите за спроведување на налогот за апсење на отповиканиот претседател Јун
Вести
-
Свет 03.01.2025 08:24
-
Македонија 03.01.2025 08:22
Загадениот воздух останува горлив проблем
Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот. Натпросечни концентрации на Пи-ем 2,5 честичките во воздухот има и во други градови во Македонија.
-
Македонија 03.01.2025 08:19
Намалена видливост поради магла кај Неготино, Демир Капија и Катланово – Велес
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
ЈП Македонијапат соопшти дека поради магла видливоста е намалена кај Неготино, до 70 метри, и Демир Капија до 80 метри, како и на патот Катланово – Велес, 90 метри.
-
Свет 03.01.2025 08:17
Граѓаните на Црна Гора им оддаваат почит на 12-те жртви во масакрот во Цетиње
Со минутен молк, свеќи и пораки во книгите на жалост, граѓаните на Црна Гора им оддаваат почит на 12-те жртви во масакрот во Цетиње. Меѓу сограѓаните и
-
Македонија 03.01.2025 08:07
Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на Комисијата како прва точка е јавната расправа за утврдување на Предлог – одлука за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.
-
Македонија 03.01.2025 08:03
Судски совет избира нов претседател
Судскиот совет денеска на седница ќе избира нов претседател. Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас.
-
Македонија 03.01.2025 08:01
Трагедија кај Рашче: Автомобил и три мртви тела извлечени од Вардар
Возилото кое вчера попладне излета во Вардар на патот Рашче-Сарај и три женски тела синоќа беа извлечени од реката. Се трага по четврто машко лице кое најверојатно излетало во водите на Вардар, велат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 02.01.2025 22:30
Извлечени тела од автомобилот што влета во Вардар
Извлечено е возилото кое влета во Вардар во близина на селото Рашче, полициските нуркачи и специјалната единица Тигри извадија тела на членови на семејството кои се превезувале во него.
-
Македонија 02.01.2025 21:41
Трагедија во Тетово, татко со ловечка пушка си го убил синот по семејна расправија
Татко со ловечка пушка си го убил синот во тетовско по семејна расправија. Инцидентот се случил вечерва во населбата Блок 70. Истражните органи работат на расчистување на случајот.
Таткото во тешка психолошка состојба е хоспитализиран ви болница.
-
Македонија 02.01.2025 21:31
Фатени бегалци од затвор
На 02.01.2025 околу 2 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с.










