Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице, информираат од ОЈО.
Вести
-
Македонија 02.01.2025 09:14
-
Македонија 02.01.2025 09:12
Автобусите на ЈСП сообраќаат по зимски возен ред
Од денеска Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП.
-
Македонија 02.01.2025 09:05
Скопје утрово четврти најзагаден град во Европа
Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.
Главниот град во моментов е на 12-то место во светот по загаденост на воздухот, според листата на IQAir, а во европски рамки е втор, зад Сараево.
-
Македонија 02.01.2025 08:57
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 степени било во Скопје Петровец, Битола, Струмица и Тетово, -5 во Штип и Велес, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп и Крива Паланка, -3 во Гевгелија, -2 во Маврови Анови и Претор, -1 во Охрид и Виница, 0 во
-
Свет 02.01.2025 08:35
Израел се закани Хамас да ги ослободи заложниците
Израелските сили ја бомбардираа т.н безбедна зона Ал-Маваси во јужниот дел на Газа. Има жртви и повредени. Тел Авив се закани дека Хамас ќе добива удари со невиден интензитет во Газа уште долго време доколку не ги ослободи заложниците.
-
Свет 02.01.2025 08:35
Возило на Тесла експлодираше пред хотел на Трамп
Едно лице загина, седумина се повредени по пожар и екплозија на возило на Тесла Сајбертрак пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас.
-
Свет 02.01.2025 08:35
Расте бројот на жртви по терористичкиот напад во Њу Орлеанс
Расте бројот на жртви по терористичкиот напад на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс. Властите го идентификуваа напаѓачот. 42-годишниот Шамсуд Дин Џабер кој беше убиен од полицијата, е американски државјанин од Тексас и воен ветеран кој најверојатно е поврзан со ИСИС.
-
Свет 02.01.2025 08:32
Мртов масовниот убиец од Цетиње
Осомничениот маж кој изврши масакр во Цетиње е мртов- соопштија црногорските власти. Се обидел да се самоубие откако бил опколен од полицијата, починал на пат кон болница.
-
Македонија 02.01.2025 08:26
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Д.Капија до 50 метри.
-
Македонија 02.01.2025 08:12
Наутро студено и магловито, преку денот сончево
Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -3, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.










