Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен удар за меѓународниот мир и ги повика Русија и САД да започнат преговори за нова рамка за контрола на нуклеарното оружје, откако договорот истече на полноќ, оставајќи ги двете земји без обврзу
Вести
-
Свет 05.02.2026 15:49
-
Македонија 05.02.2026 15:31
Средба Сали- Вајц
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, г. Беким Сали, оствари средба со европратеникот Томас Вајц, и главен известувач за извештаите на Европскиот парламент за напредокот на Република Северна Македонија кон членство во Европската Унија.
-
Македонија 05.02.2026 15:02
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
На 05.02.2026 во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
-
Свет 05.02.2026 14:42
Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
Второ продолжение од новата рунда мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби, со надеж дека дијалогот ќе го намали јазот меѓу Киев и Москва околу клучните територијални отстапки и чекорите за крај на војната.
-
Свет 05.02.2026 14:23
Вашингтон повлекува 700 агенти
Американската администрација повлекува околу 700 агенти на федералната имиграциска служба од Минесота по масовните протести и смртта на двајца цивили, но целните имиграциски операции и политиката на масовни депортации продолжува-соопшти шефот на федералните гранични сили Хоман.
-
Македонија 05.02.2026 13:58
Ѓорѓиевски: Скопје излегува од колапс, следува најголемата инвестициска офанзива досега
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека градот излегува од финансискиот и институционален колапс и започнува период на стабилизација и развој.
-
Македонија 05.02.2026 13:24
Претреси на повеќе локации во Скопје и Струмица
Акција на МВР и Обвинителството, синоќа претреси на повеќе локации во Скопје и во Струмица по заплената на марихуана во Србија. Од МВР соопштија дека се преземаат соодветни оперативно-технички мерки.
Известува Марина Стојанова -Тонева.
-
Македонија 05.02.2026 13:21
Ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“
Во судницата во „Идризово“, ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето продолжи со нови сведочења. Семејствата на загинатите со обвинувања за притисоци врз сведоци, побараа итна реакција од институциите. -
Економија 05.02.2026 13:11
Прифатено барањето за додатокот на плата
Претставниците на УПОЗ на средба во Владата. Дел од барањата на синдикатот се прифатени – додатоците на плата во администрацијата и судството од по 8 проценти, од март ќе се исплаќаат на рати. Дотогаш ќе треба да се потпишат и нови поединечни колективни договори.
-
Македонија 05.02.2026 12:28
ИЈЗ: Малигните неоплазми втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
Малигните неоплазми, по болестите на циркулаторниот систем, се втората најчеста причина за смрт во земјава.










