Итни разговори меѓу Вашингтон и Техеран во Мускат, Оман. Според американската администрација, преговорите треба да ги опфатат не само нуклеарните активности на Иран, туку и балистичките ракети, поддршката на регионални милитантни групи и односот на властите кон населението.
Вести
-
Свет 06.02.2026 08:53
-
Македонија 06.02.2026 08:39
Во Собранието седница на Комисијата за здравство
Денеска во Собранието ќе заседава Комисијата за здравство.
Пред членовите на Комисијата е Годишниот извештај за работа на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2024 година.
-
Македонија 06.02.2026 08:16
Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околината на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија.
-
Економија 06.02.2026 08:11
КСС го прифати владиниот предлог
Конфедерацијата на слободни синдикати почна постапка за прифаќање на понудата на Владата за зголемување на платите на административците до 2028-ма, по 8% секоја година. Се прават подготовки на поединечните колективни договори.
-
Македонија 06.02.2026 08:04
Облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
-
Култура 05.02.2026 20:51
Концерт „Organ & Big Band“ на Националниот џез оркестар и Ренато Чико
Националниот џез оркестар на 19 февруари ќе одржи концерт во Националната опера и балет, на кој како солист ќе настапи реномираниот пијанист и органист Ренато Чико. Концертот со наслов „Organ & Big Band“ започнува во 20 часот, а диригент е маестро Џијан Емин.
-
Македонија 05.02.2026 20:38
Се вршат претреси поврзани со запленетата марихуана во Србија
Голема полициска акција во кругот на поранешната фабрика „Охис“.
-
Свет 05.02.2026 20:23
Нов трилатерален сојуз за снабдување со минерали
САД, ЕУ и Јапонија воспоставија стратешко партнерство за подобрување на снабдувањето со критични минерали, со цел зајакнување на безбедноста, намалување на зависноста од Кина и поддршка на нови рударски и рециклирачки проекти.
-
Култура 05.02.2026 19:49
Министерот Љутков на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ во Истанбул
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Аккан Махмут, присуствуваа на свеченото отворање на 29-тото издание на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ, кој од 5 до 7 февруари се одржува во Истанбул, Република Турција.
-
Македонија 05.02.2026 19:33
Претреси на повеќе локации поврзани со истрагата за петте тони марихуана
И денеска се вршеа претреси на повеќе локации, поврзани со истрагата за петте тони марихуана која беше запленета во Србија, а за која тамошните власти рекоа дека влегла од Македонија.









