Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ, предложен од литванскиот европратеник, Петрас Ауштревичиус.
Вести
-
Свет 28.01.2026 12:00
-
Македонија 28.01.2026 11:39
Уставниот суд ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи
Уставниот суд на денешната седница ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓанин и усвојување на една конечна одлука и девет нацрт-решенија.
-
Свет 28.01.2026 11:17
Расте бројот на жртви по рускиот напад врз патнички воз
Бројот на жртви расте по рускиот напад врз патнички воз во Харков додека дипломатските напори за крај на војната бележат напредок, но без пробив во клучните територијални прашања.
-
Свет 28.01.2026 11:00
Последниот заложник предаден, Рафах отворена
Израел го отвора граничниот премин Рафах по предавањето на телото на последниот заложник од Хамас. Преминот ќе биде отворен само за пешачки сообраќај и нема да се користи за товар, овозможувајќи им движење на Палестинците по речиси две години затворање.
-
Култура 28.01.2026 10:59
Билатерална средба на Министрите за култура Љутков и Селаковиќ
Денеска во хотел „Панорама“ во Крушево, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, ќе оствари билатерална средба со својот колега, министерот за култура на Р.
-
Македонија 28.01.2026 10:39
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“, лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул.
-
Македонија 28.01.2026 10:06
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстуден град во Македонија беше Берово со -5 степени. На Попова Шапка беа измерени -4 степени, додека во Скопје, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола -3 степени.
Најтопло беше во Охрид со измерени нула степени.
-
Свет 28.01.2026 09:44
Вашингтон разгледува можност за воен напад врз Иран
Вашингтон разгледува можност за воен удар врз ослабениот Иран, кој се соочува со протести, економска криза и меѓународни санкции. Новата одбранбена стратегија на САД за 2026 го посочува Иран како закана поради обидите да ја обнови воената моќ и да дојде до нуклеарно оружје.
-
Македонија 28.01.2026 09:30
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
-
Македонија 28.01.2026 09:18
Министерката за внатрешни работи на Албанија во официјална посета на Македонија
Министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу денеска е во официјална посета на земјава. Ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.










