Шест домашни мали и средни фирми од металопреработувачката и автомобилската индустрија учествуваа во проектот за нивно вклучување во синџирот на добавувачи на странските директни инвеститори во земјава, финансиски поддржан од Европската унија преку ИПА инструментот ЛОТ 1.
Вести
-
Економија 02.12.2019 15:22
-
Македонија 02.12.2019 15:01
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за потеклото на имотот на судии, обвинители, политичари
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за испитување на потеклото на имотот на судии, обвинители, политичари, носители на јавни функции. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски ги повика институциите тој да биде прв за проверка, а потоа премиерот Заев, министрите, другите функциионери, судиите, обвинителите.
-
Македонија 02.12.2019 14:53
Џафери: Седницата за автентично толкување на Законот за амнестија ќе биде најрано на 11-ти декември
Спикерот Џафери ги доставува до Владата и до матичната Собраниска комисија писмата со барањето на СДСМ за автенично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Според него, најрано за ова би можело да се разговара од 11-ти декември.
-
Македонија 02.12.2019 14:42
Шведска го поддржува процесот на пристапување на Северна Македонија и реформската агенда
Шведска го поддржува процесот на пристапување на Северна Македонија и реформската агенда и ќе продолжи да и дава поддршка во областа на владеењето на правото и во областа на медиумските слободи не само овде, туку и во другите балкански земји, посочи шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгр
-
Економија 02.12.2019 14:36
Земјоделците ќе добијат поврат на персоналeн данок
Околу 17 .000 земјоделци од идната недела ќе почнат да добиваат поврат на персонален данок, за приходот остварен во 2018-та година. Вкупната сума изнесува 80 милиони денари. Услов е земјоделците да немаат приходи по други основи.
-
Македонија 02.12.2019 14:20
Уставен суд: Со коментарите и прејудицирањата се врши директен упад и притисок
Уставниот суд в среда ќе ја разгледа иницијативата за Законот за амнестија. Оттаму денеска излегоа со реакција поради обидите, како што велат, за омаловажување на судот и за прејудицирање на неговите одлуки.
-
Економија 02.12.2019 14:02
Центата на бензините непроменета, дизелот поскапува за половина денар
Цената на бензините и неделава останува непроменета, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.
-
Македонија 02.12.2019 13:39
Утре почнува судењето за „Рекет“
Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“. Обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичееч.
-
Македонија 02.12.2019 13:33
Заев ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО во Лондон
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Лондон, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата.
-
Економија 02.12.2019 13:18
АЕК: Бројот на жалби драстично намален
Поплаки за квалитетот на мрежата, за пристапот до интернет, за високи сметки- ова се најчестите забелешки на граѓаните за услугите што го добиваат од операторите. Пред камерата на МТВ велат оти ситуацијата се подобрува, но сѐ уште се соочуваат со проблеми.




