Откажан е утрешниот штрајк на машиновозачите. Вработените во МЖ-Транспорт се договорија да не ја спроведат претходно донесената одлука. Очекуваат до крајот на неделава во целост да им биде исплатена ноемвриската плата.
Вести
-
Македонија 25.12.2017 16:47
-
Македонија 25.12.2017 16:28
Собранието ги констатираше оставките на членовите на ДИК, Филипче избран за нов министер за здравство
Собранието попладнево ги констатираше поднесените оставки од членовите на Државната изборна комисија. На пленарната седница, Венко Филипче е избран за нов министер за здравство на Македонија. Положи заклетва.
-
Македонија 25.12.2017 16:10
Средба Иванов- Мицкоски
Претседателот Иванов го прими новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведуваат од Кабинетот на шефот на државата, тој на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата.
-
Македонија 25.12.2017 16:06
Љубомир Јовески избран за државен јавен обвинител, вети дека ќе се дистанцира од извршната власт
„Ќе ја вратам изгубената доверба во обвинителството и ќе се дистанцирам од центрите на моќ“, заклетва на новиот државен обвинител, Љубомир Јовески. Вели дека е пред голем предизвик обвинителството да го профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела.
-
Економија 25.12.2017 15:45
Два анекса со „Синохидро“, корекција на роковите и на сумата
Владата сѐ уште преговара, до крајот на јануари се очекува немсто еден, да бидат потпишани два анекса на договорите со „Синохидро“ за автопатот Кичево Охрид. Едниот за продолжување на роковите за градба, другиот корекција на цената за доизградба, тврди министерот за транспорт Сугарески.
-
Свет 25.12.2017 15:26
„Урби ет орби“ со порака за мир за Ерусалим
Во традиционалното обраќање „Урби ет орби“, Папата Франциск испрати порака и „до градот и до светот“ за мир за Ерусалим и дијалог меѓу Израел и Палестина.
-
Свет 25.12.2017 15:17
Русија: Наваљниј се бори за кандидатура на претседателските избори
Главниот опозицски лидер на русија Алексеј Наваљниј ги мобилизира своите поддржувачи за да му овозможат кандидатура на престедателските избори идната година.
-
Македонија 25.12.2017 15:14
Истражување: Најдобри улуги во МВР, најлоши во Центарот за социјални услуги
Граѓаните најзадоволни од услугата на Министерството за внатрешни работи за издавање документи, најмногу критики за Центарот за социјални услуги- ова го пoкажува истражувањето на Центарот за европски стратегии. Се опипувал пулсот на јавноста за работењето на јавната администрација.
-
Македонија 25.12.2017 15:09
Верниците на свечена литургија за Божик
На утринската свечена литургија верниците му се помолија на Бога за духовен мир и здравје, за себе и за ближните. Овој ден, велат е највозвишен од сите. Божикното утро ја носи најголемата радост, веста за раѓањето Христово. Верниците кои денеска го празнуваат Божик си посакаа многу желби.
-
Македонија 25.12.2017 14:58
Апелација одлучува за снимката на Заев
Снимката во која се гледа дека премиерот Зоран Заев, тогаш градоначалник на Струмица бара поткуп од локален бизнисмен е направена со агент провокатор– смета адвокатот на претседателот на Владата.







