Десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ.
Вести
-
Македонија 04.07.2017 08:40
-
Македонија 03.07.2017 16:44
Џафери во официјална посета на Црна Гора
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Црна Гора на средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ.
-
Македонија 03.07.2017 16:26
Собраниска расправа за Народниот правобранител
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците едногласно ги усвои барањата на Народниот правобранител за измена на актите за организација и за систематизација на иниституцијата.
-
Македонија 03.07.2017 16:11
Најавени жалби за решенијата на Кривичен
Специјалното јавно обвинителство добило различни образложенија за одлуките на скопскиот Кривичен суд по нивните барања за определување мерки притвор и мерки за претпазливост. Обвинителката Ленче Ристовска најави жалби против решенијата.
-
Економија 03.07.2017 16:05
ЕЕЗ: Евтина тарифа само за социјалните категории за период од две години
Македонија од лидер во регионот во енергетските реформи, сега заедно со БИХ е на опашката и се уште не го имплементирала третиот енергетски пакет, изјави Јанез Копач, директор на секретаријатот на Енергетската заедница во Виена пред собраниската Комисија за економски прашања.
-
Македонија 03.07.2017 16:00
Охрид: Локалните жители и туристите вознемирени, предизвикана мала материјална штета
Земјотрес со јачина од околу 5 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13 часот и дваесет минути. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.
-
Економија 03.07.2017 15:36
Македонските производители на органска храна да вложат во нови технологии
Квалитетот на македонскиот производ сѐ уште му овозможува да биде добро препознаен на европските пазари, но продуктивноста и конкурентноста се сѐ уште проблем. Недоволно се применуваат современите технологии во производството и има голема расцепканост на површините.
-
Македонија 03.07.2017 15:24
Хронично болните страдаат од променливото време, лекарите советуваат на претпазливост
Сонливост, главоболка, вртоглавица... Промената на времето влијае врз луѓето. Температурните разлики најмногу ги чувствуваат хронично болните. Лекарите советуваат да бидат претпазливи. Апелираат и на правилно чување на лековите. Од Итната медицинска помош не бележат зголемен број повици.
-
Свет 03.07.2017 14:56
Франција: Уапсен маж кој планирал убиство на Макрон
Француската полиција уапсила едно лице кое планирало да го убие претседателот Емануел Макрон на воената парада на 14-ти јули.
-
Македонија 03.07.2017 14:41
Средба Нимиц- Ахмети
Медијаторот Метју Нимиц попладнево се сретна со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Рече дека имале добар состанок. Од Ахмети добил охрабрување да ја продолжи мисијата во насока на решавање на прашањето за името, за да продолжи земјава да се движи кон евроатлантскиот пат.










