Тлото во Охридско не се смирува. Нов силен земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтер во 13 часот и 18 минути повторно го потресе регионот. Епицентарот на земјотресот бил 10 километри источно од Охрид.
Вести
-
Македонија 03.07.2017 14:25
-
Македонија 03.07.2017 14:21
Почина и ќерката на убиецот од Бутел
Изутрината во скопскиот Клинички центар починала и ќерката на 84-годишниот Скопјанец кој во саботата пукаше во неа, во сопругата и во внукот, а потоа се самоуби.
-
Свет 03.07.2017 14:10
Меркел ја почна кампањата за парламентарните избори
Германската канцеларка Ангела Меркел ја почна кампањата за парламентарните избори. Се надева на четврта победа и нов мандат.
-
Македонија 03.07.2017 13:32
Земјотрес од 5 степени според Рихтер во Охрид, почувствуван и во Скопје
Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13 часот и 18 минути во охридското епицентрално подрачје.
-
Култура 03.07.2017 13:25
Концерт на „Танец“ на „Скопско лето“
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер од 21 часот на плоштад „Карпошово востание“ (алтернативно во Музејот на македонската борба) во рамки на „Скопско лето“ ќе изведе концерт со вокални и инструментални композиции.
-
Македонија 03.07.2017 13:08
Одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“
Одложена главната расправа за случајот тврдина 2, во којa првообвинет е екс-началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, и шест службенички од управата.
Новото рочиште е закажано за 26-ти септември. Одбраната побара дополнително време за проучување на случајот.
-
Македонија 03.07.2017 13:06
Собраниска седница за разрешување на Зврлевски на 5-ти јули
Собраниската седница на којашто ќе се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ќе се одржи в среда на 5-ти јули. Ова прашање е 30-та точка на дневниот ред.
-
Македонија 03.07.2017 12:59
Припадници на АРМ на меѓународната вежба „Сајбер гардијан 2017“
Припадници на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер гардијан 2017“.
Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија.
-
Економија 03.07.2017 12:56
За конкурентно земјоделство да се следат светските трендови
За да биде конкурентно македонското земјоделско производство, треба да се следат светските трендови. Само три проценти отпаѓа на органското производство. Од ресорот земјоделство најавуваат силна поддршка на целиот сектор.
-
Свет 03.07.2017 12:48
Доха има уште 48 часа да ги прифати условите на Саудиска Арабија и сојузниците
Саудиска Арабија и трите сојузнички земји кои ги прекинаа врските со Катар поради наводна поддршка на исламистичките групи и подобрувањето на односот со Иран решија да и дадат на Доха уште 48 часа за прифаќање на нивните услови.










