По три години Нимиц повторно се ангажира за надминувањето на разликата за името меѓу Македонија и Грција.
Вести
-
Македонија 03.07.2017 12:33
-
Свет 03.07.2017 12:21
Протести во Хамбург пред самитот на Г20
Илјадници демонстранти излегоа на мирен протест во Хамбург против климатските и трговските политики на главните економии во светот чијшто самит ќе се одржи во овој германски град неделава.
-
Свет 03.07.2017 12:03
Најмалку 14 загинати при напад врз бегалски камп во Ирак
14 луѓе загинаа, а 13 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во камп за раселени лица во ирачката провинција Анбар.
Повеќето жртви се деца и жени, а убиени се и двајца припадници на безбедносните сили. Засега никој не презеде одговорност за нападот.
-
Свет 03.07.2017 11:38
Осуммина ранети крај џамија во Авињон
Осум луѓе се ранети во вооружена престрелка крај џамија во Авињон, јужна Франција. Инцидентот се случил по вечерната молитва. Напаѓачите се во бегство.
-
Македонија 03.07.2017 11:27
Детска хирургија: За четири години оперирани 250 бебиња со срцеви маани
На Детска хирургија за четири години оперирани се 250 бебиња со срцеви мани. Во рамки на проектот се оперираат сите вродени детски кардиопатии вклучително и оние најсложените. Најмалиот пациент е опериран само неколку дена по раѓањето и имал 1,8 килограми.
-
Македонија 03.07.2017 10:53
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот меѓу Бугарија и Македонија е нетранспарентен
Договорот меѓу Бугарија и Македонија е целосно нетранспарентен. Тоа што Заев го договарал во Софија задира во постоењето на македонската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 03.07.2017 10:45
Нимиц на средби со Заев и со Димитров
Во Владата, средба на премиерот Зоран Заев со посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц. Нимиц е во Скопје со цел да се дискутира за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
-
Свет 03.07.2017 10:42
Саудиска Арабија и сојузниците го продолжија ултиматумот за Катар за 48 часа
Саудиска Арабија и трите сојузнички земји кои ги прекинаа врските со Катар поради наводна поддршка на исламистичките групи и подобрувањето на односот со Иран одлучија да и дадат на Доха уште 48 часа за прифаќање на нивните услови.
-
Македонија 03.07.2017 10:39
Досега одбиени сите барања на СЈО за притвор, денеска одлука за „Титаник“
Кривичниот суд не ги прифати барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на пет лица во обвинението со кое се опфатени предметите „Тврдина“ и „Таргет“.
-
Македонија 03.07.2017 10:34
Џафери во официјална посета на Црна Гора
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на претседателот на црногорското собрание, Иван Брајовиќ е во прва официјална посета на Црна Гора.









