Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот што се случи во саботата навечер, при што беа убиени 7, а повредени речиси 50 лица. 21 од повредените се во критична состојба.
Вести
-
Свет 05.06.2017 11:05
-
Економија 05.06.2017 10:28
Светска банка: Македонската економија годинава со раст од 2,8 проценти
Македонската економија според најновата прогноза на Светската банка годинава ќе има раст од 2,8 проценти, следната 3,3 и во 2019 година 3,8 проценти.
Во најновиот извештај Светската банка за годинава предвидува највисок економски раст во регионот на Косово со 3,9 проценти.
-
Свет 05.06.2017 10:26
Црна Гора денеска станува 29-та членка на НАТО
Црна Гора денеска официјално ќе биде примена во членство во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент.
-
Македонија 05.06.2017 10:23
Безбедносни ризици: Нема сериозна закана од тероризам за Македонија и регионот
Иако тероризмот сам по себе не е толку моќен, како феномен е доволно способен да ги искористи сите слабости во безбедносните системи на државите.
-
Македонија 05.06.2017 10:18
Заврши проценката на штетите во Ресен, во поголем дел од овоштарниците ќе нема род
Комисиите за проценка на направените штети од пролетните ниски температури кај овошките во Преспанскиот регион ги разгледале сите 2.650 барања од земјоделците и за секое од нив е изготвен поединечен записник. Според проценката на Комисиите, штетите во овој регионот се од 80 до 100 проценти.
-
Македонија 05.06.2017 10:14
Протест на дел од вработените во МЖ Транспорт
Машинскиот персонал во Македонски железници- Транспорт од седум часот изутрина не ги извршува работните обврски во знак на протест од доцнењето на исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените, изјави Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.
-
Македонија 05.06.2017 10:11
Истекува рокот на СЈО за поднесување обвиненија
Истече рокот од 18 месеци, во кој Специјалното јавно обвинителство можеше да поднесе обвиненија за 34-те предмети што ги презеде од јавното обвинителство. Најголемиот дел од нив се однесуваа на изборни нерегуларности.
-
Македонија 05.06.2017 10:08
Прва седница на новата Влада на Република Македонија
За напладне е закажана првата седница на новата Влада на Република Македонија. Дневниот ред на седницата сѐ уште не е објавен. Се претпоставува дека една од точките ќе биде именувањето на кандидатите за функционери од вториот и од третиот ешалон.
-
Македонија 04.06.2017 21:12
Премиерот Заев им ја честиташе победата на ракометарите на Вардар
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев им ја честиташе историската победа на ракометарите на Вардар, чиј тим е нов европски првак откако вечерва во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23.
-
Македонија 04.06.2017 20:36
Вардар нов европски ракометен шампион
Екипата на Вардар е нов европски првак откако во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23. Победничкиот погодок во последната секунда го постигна Иван Чупиќ.









