Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност ќе врши премер на објектите за физичките и правните лица што поседуваат техничка документација, а не извадиле имотен лист.
Вести
-
Економија 20.04.2016 12:40
-
Свет 20.04.2016 12:03
Франција најави нов метод за борба против тероризмот
Франција најави нов метод за борба против тероризмот со којшто ќе се реагира најмногу 20 минути пред секој иден напад. Отсега полицијата и војската нема да мора да ги делат надлежностите во случај на опасност врз населени места.
-
Свет 20.04.2016 11:38
Билансот на загинатите во земјотресот во Еквадор се зголеми на 507 лица
Над петстоини луѓе загинаа во земјотресот во Еквадор. Покрај многубројните човечки жртви и материјалната штета, потресот ја прекина и работата на еден од најстарите весници во јужна америка „Дијарио“ поради преки на снабдувањето со електрична енергија.
-
Македонија 20.04.2016 11:15
Совет за етика: Професионално известување без разгорување тензии
Советот за етика со апел до медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да не служат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството.
-
Македонија 20.04.2016 10:51
Македонија 118-та на листата на „Репортери без граници“
Македонија годинава се најде на 118-то место на ранг листата на „Репортери без граници“ посветена на слободата на печатот.
Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, шеста година по ред има Финска.
-
Македонија 20.04.2016 10:37
Попоски на министерски состанок во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски утре и задутре во Солун ќе учествува на министерски состанок посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.
-
Македонија 20.04.2016 10:32
„Транспортер“: Притвор за еден осомничен, за три лица мерки за претпазливост
Скопскиот Кривичен суд му одреди притвор на еден осомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 20.04.2016 10:20
ДИК: 7,5 милиони евра буџет за изборни активности
Седум и пол милиони евра е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности. Членовите на Комисијата го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори.
-
Свет 20.04.2016 10:16
Трамп и Клинтон победници на прелиминарните избор во Њујорк
Доналд Трамп и Хилари Клинтон освоија клучна победа на прелиминарните избори на домашен терен во Њујорк. Со оваа победа, Доналд Трамп ја зацврсти водечката позиција како претседателски кандидат на Републиканската партија и е на чекор да ја освои номинацијата на конвенцијата во јули.
-
Економија 20.04.2016 08:31
Караванот „Купи куќа за млади“ во Дебар и Берово
Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржи презентација во Дебар и во Берово.
Презентациите ќе почнат во 17 часот, а ќе се одржат во општината во Дебар и во Бизнис инкубаторот во Берово.










