Во скопскиот Кривичен суд е во тек судскиот процес за настаните во кумановската „Дива населба“. 29 обвинети одговараат за тероризам и нарушување на уставниот поредок на државата.
Вести
-
Македонија 09.02.2016 15:06
-
Економија 09.02.2016 14:41
Енергетската ефикасност- основа за долгорочен економски одржлив развој
Вистинската примена на мерките за енергетска ефикасност, една од алатките за долгорочен економски и одржлив развој. Засега Македонија има солидна позиција во Европската енергетска заедница.
-
Македонија 09.02.2016 14:00
Мирен протест пред Jавното обвинителство за случајот Tамара
Група граѓани заедно со мајката на починатата Тамара Димовска од Велес пред Јавното обвинителство со мирен протест бараа надлежните да го расветлат случајот и да ги посочат одговорните за смртта на девојчето.
-
Економија 09.02.2016 13:55
Спасов: Отворени 12.621 работни места преку „Македонија вработува“
Преку проектот „Македонија вработува“ досега се отворени 12 илјади 621 работно место, изјави дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Апелира, приватните компании да ги искористат поволностите.
-
Македонија 09.02.2016 13:42
Метео: Утре облачно, врнежи од дожд во попладневните часови
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд особено во попладневните часови. На места е можна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.
Кон крајот на денот во западните делови на планинските предели се очекуваат и врнежи од снег.
-
Македонија 09.02.2016 13:41
Наредена обдукција на телото на починатата жена во Прилеп
Прилепското Јавно обвинителство нареди да биде извршена обдукција на распаднатиот женски труп што вчера попладнето е пронајден во куќа на улицата „Браќа Ламески 1“ во Прилеп.
Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, станува збор за 49-годишната прилепчанка Милка Наумоска.
-
Македонија 09.02.2016 13:34
Курц: ЕУ е подготвена да им помогне на Македонија и Србија да го намалат бројот на бегалците
Можна е промена на состојбата со бегалската криза. Европската унија е подготвена да им помогне на Македонија и на Србија да го намалат бројот на бегалците, изјави во Белград, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, по средбата со српскиот премиер Вучиќ.
-
Македонија 09.02.2016 13:29
Поднесени кривични пријави за тројца осомничени за сторени 31 кривично дело
НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против лицата Т.А.
-
Македонија 09.02.2016 13:23
Нови 20 хрватски полицајци на јужната граница
За намалување на бегалскиот бран, Хрватска испраќа нови 20 полицајци на македонската јужна граница, кадешто веќе се распоредени петмина. Ова е дел од договорот меѓу хрватската, австриската, словенечката, српската и македонската полиција постигната во минатата недела во Скопје.
-
Свет 09.02.2016 13:15
Голема железничка несреќа во Германија
Бројот на загинати во судирот на два патнички воза во германскиот град Бад Ајблинг во Баварија се искачи на девет луѓе. Според полицијата повредени се повеќе од 150 луѓе. Германскиот дневник „Зидојче цајтунг“ известува дека околу 10-мина се во критична состојба.










