Нема друга опција освен европски Западен Балкан. На Бледскиот стратешки форум, поддршка за започнување на пристапните преговори со Mакедонија и Aлбанија.
-
Македонија 01.09.2021 19:51
-
Македонија 01.09.2021 17:13
Пахор- Заев: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Македонија
Премиерот Заев на маргините на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со претседателот на Република Словенија Борут Пахор.
-
Македонија 01.09.2021 17:09
Најмлада жртва од Ковид-19 досега- почина 15 годишна девојка од тетовско
На Клиниката за инфективни болести почина 15- годишна пациентка од тетовско Селце. Девојката била донесена со многу тешка клиничка слика откако речиси две недели била со симптоми. Таа е најмладата жртва од вирусот досега. И нејзината мајка претходно ја загубила битката со Ковид-19.
-
Македонија 01.09.2021 16:43
Децата со попреченост во редовна настава добиваат образовни асистенти
Согласно со законските измени, учениците со попреченост вклучени во редовната настава добиваат образовни асистенти и поддршка од специјални едукатори и рехабилитатори. Новина која многу ќе значи од финансиски аспект и една посилна поддршка во развојот на децата, велат родителите.
-
Македонија 01.09.2021 16:35
Пожарот на Галичица сѐ уште активен
Пожарот кој што пред четири дена се појави на сртот на планината Галичица од албанска страна, по што се префрли во националниот парк „Галичица“ на македонска територија е сѐ уште активен.
-
Македонија 01.09.2021 15:30
Партиите најавија позитивна кампања за локалните избори
Лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, за локалните најави позитивна кампања, бидејќи смета дека граѓаните сакаат да слушнат надеж и конкретни решенија. Во фокусот- борбата со криминалот и корупцијата, реализирани и остварени проекти, отчетност, и транспаретност.
-
Македонија 01.09.2021 15:25
Шахпаска: Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата
Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата, но почитувањето на мерките останува врвен приоритет, вели министерката Шахпаска. Додава дека 71 насто од вработените се вакцинирани, а процентот на имунизирани негуватели и воспитувачи е уште поголем.
-
Македонија 01.09.2021 15:16
Царовска: Спремни ја започнуваме учебната година
Сите ученици да почнат со настава, нема одложување, потврди министерката Царовска на почетокот на новата учебна година. Одлуката за онлајн настава останува само за четирите градови, а за две недели главниот координативен штаб ќе направи проценка на состојбата.
-
Македонија 01.09.2021 15:07
Со маски и мерење температура почна новата учебна година
Наместо учителката, денешните првачиња прво го запознаваат редарот. Додека трае ковид пандемијата, мерките за заштита ќе му бидат секојдневие на Павел. Павел си го знае редот, одел во градинка, но и родителите го подготвувале на што треба да води сметка.
-
Македонија 01.09.2021 14:50
Досега вкупно ревакцинирани 539.037 граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 728.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани.








